1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тенка туристичка сезона во Македонија

Македонија минува низ уште една лоша туристичка сезона. Странски гости има помалку од лани, не помогнаа ниту субвенциите што ги нуди државата. Хотелиерите не ги намалуваат цените, а нема ни нискобуџетни авиокомпании.

default

Кога ќе се наполнат повторно охридските плажи?

На залезот на туристичката сезона Македонија се соочува со горчливата вистина дека и оваа 2010 е уште една промашена година за туризмот. Дејноста која може да биде стратешка во кревката македонска економија никако не може да го пробие патот до местото што го заслужува. Не помогнаа ниту субвенициите за туризам што за прв пат се доделуваат од годинава. Убавата сума пари државна помош за туристичките оператори кои ќе донесат странски гости остана речиси негибната, а бројот на туристи е помал од лани.

Ohrid

Портите отворени, но цените се високи

Туристичките агенции се сконцентрирани главно на полнење на странските капацитети со гости од Македонија. Да ги примамите странците во Македонија е многу потешко признава Александар Чоневски од Игуана.

“Тур операторите не гледаат интерес да ја продаваат и нудат Македонија“.

Пропуштени собвенции

Од 1 јануари 2010 секој туристички оператор може да добие меѓу 10 и 45 евра за секој странски турист што ќе го донесе во Македонија. Условот е да бидат реализирани најмалку три ноќевања во хотел и гостите да имаат организиран групен автобуски, авионски или железнички превоз. Сумата зависи од земјата од која доаѓа гостинот. Колку подалечна земја толку повисока субвенциија за агенцијата. Според податоците од Министерството за економија, во финишот на туристичката сезона бројките се поразителни:

Mazedonien Land und Leute Alexander der Große Flughafen in Skopje

Нискобуџетните авиокомпании ја заобиколуваат Македонија

само три агенции искористиле субвенции во висина од 2000 евра. Неискористени остануваат 170 илјади евра предвидени за таа намена. Надлежните велат дека е рано да се оценува ефектот од субвенциите, но експертите се критични. Професорот од факултетот за туризам Зоран Тунтев вели: “Не можам да се сложам дека Македонија нема што да понуди. Странците се одушевени од она што го наоѓаат овде. Толку многу ефтини атрактивности на мал простор нема“.

Повеќе причини за кризата

Туристичката комора на Македонија подготвува извештај за туристичката сезона годинава. Првичните сознанија се дека имало многу помалку гости од претходните години, а има повеќе причини за тоа. Глобалната ситуација, задоцнетата реакција од хотелиерите да ги намалат високите цени на ноќевање, недостигот на нискобуџетни авиокомпании кои ќе понудат евтини авионски билети.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Горан Чутаноски