1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Тенис: Аустралиен опен и 1-то место на светската ранг-листа за Швајцарецот Федерер

22-годишниот Швајцарец Роџер Федерер во финалето на Отвореното тениско првренство на Австралија во три сета го совлада Русинот Марат Сафин и ја освои паричната наградата од 737 илјади евра. Тоа е втор освоен грен- слем турнир на Федерер, и истовремено тој се искачи за прв пат во кариерата на првото место на светската ранг- листа на тенисерите. "Неизмерно сум горд на себе, зашто успеав да го остварам ова. Веќе подолго време бев број два, три, четири или пет; огромна сатисфакција е сега конечно да сум на врвот. Јасно, имам уште многу цели во оваа сезона, но навистина е сон вака да се започне една година", рече Федерер по триумфот во Мелбурн.