1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тензија и инциденти пред Македонското собрание до доцна синоќа

Ситуацијата се смирува, по вчерашните инциденти-физичка пресметка на неколку пратеници, а беа нападнати и новинари и телевизиски екипи. Предавство на демократските процеси, гласи оценката на меѓународните преставници.

default

Блокада пред Парламентот

Физичка пресметка меѓу пратеници од албанскиот политички блок,нападнат новинар на А1,приведена телевизиска екипа на Ал сат,вчерашниот ден во Македонското собрание протече бурно.Многу полициски специјалци и телохранители од ДУИ непријателски се гледаа пред Собранието.Четворица од нив беа приведени поради пронајдено големо количество оружје,пред се Калашникови и пиштоли.