1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тензија во односите Белорусија-Шведска

Расте напнатоста во дипломатските односи меѓу Шведска и Белорусија. Режимот на претседателот Лукашенко побара од сите шведски дипломати да ја напуштат земјата. Министерот Билд го нарече претседателот Лукашенко грубијан.

Амбасадорите од ЕУ ќе одржат итен состанок в петок за протерувањето на сите шведски дипломати од Белорусија поради, како што вели официјален Стокхолм, одмазда за позицијата за заштита на правата на граѓаните. На тој состанок треба да се одлучи за соодветни мерки кон Беролусија, извести анонимен извор од Брисел.

Шведска денеска информираше дека се протерани сите нејзини дипломати од Белорусија, чин што доаѓа пет дена откако оваа поранешна советска република го протера и шведскиот амбасадор. Претседателот Александар Лукашенко „сега ги исфрла сите шведски дипломати од Белорусија. Неговиот страв од човековите права достигнува нови височини“, напиша на Твитер Карл Билд, министерот за надворешни работи на Шведска. Тој подоцна во Стокхолм изјави дека Лукашенко настапува како грубијан, каков што навистина и е во областа на дипломатијата.

EU-Außenminister Treffen in Luxemburg

Карл Билд со дел од европските министри за надворешни работи

„Добиевме соопштение дека тие сега го замолиле целиот шведски персонал да ја напушти Белорусија, а воедно се повлечени нивните дипломатски акредитиви. Тоа е силна ескалација од страна на претседателот Лукашенко, кој очигледно е мошне иритиран, пред се’ во однос на проектите за демократизација што ги спроведува Шведска“, изјави Билд.

Во исто време Белорусија ја затвори својата амбасада во Шведска. Во соопштението од белоруските власти се истакнува дека „во контекст на овие мерки не станува збор за прекинување на дипломатските односи“.

Alexander Lukashenko Weißrussland Archivbild

Белорускиот претседател Александар Лукашенко

На 4 јули мал авион, управуван од двајца Швеѓани, полета од Литванија и без дозвола навлезе во белорускиот воздушен простор. За време на летот во близина на градот Иванец и главниот град Минск од воздух беа фрлени околу 800 кадифени мечиња со натписи, кои повикуваа Белорусија да ги почитува граѓанските права и слободи. Потоа авионот без проблем се врати во Литванија, а потоа полета за Шведска. Одговорност за акцијата презеде шведска агенција за односи со јавноста.

Белоруските власти ги отпуштија началниците на граничната војска и на противоздушната одбрана. Потоа не беше продолжена акредитацијата на шведскиот амбасадор, а како одговор Шведска протера двајца белоруски дипломати.