1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тензична состојба во Иран

Американскиот претседател Обама остро го осуди бруталното однесување на иранските власти кон опозицијата. Германската канцеларка Меркел побара од официјален Техеран да не го спречува правото на мирни демонстрации.

default

Од протестите пред два дена

Иранците само се обидоа да ги остварат своите основни права, изјави американскиот претседател Барак Обама:

„Секогаш кога тоа го прават, наидуваат на железната тупаница на бруталноста, дури и на свечени пригоди и свети празници“, изјави Обама.

Претходно осуда на насилството на власта врз демонстрантите искажаа и ЕУ и германската канцеларка Ангела Меркел.

USA Deutschland Merkel und Obama mit Iran Flagge

Меркел и Обама ги критикуваат властите во Иран

Иранската телевизија Прес извести дека во судирите меѓу силите на безбедноста и демонстрантите загинале осум лица на викендот. Телевизијата се повика на извори од безбедносните кругови. Полицијата одново демантираше дека пукала врз демонстрантите во неделата.

Телото на внукот на Мусави исчезнало

Интернет-сајтовите на лидерот на опозицијата Мир Хосеин Мусави тврдат дека меѓу убиените е и внукот на Мусави. Неговото семејство сакало да го погребе телото, но тоа исчезнало без трага. Властите подоцна соопштија дека е пренесено на обдукција. Набљудувачите претпоставуваат дека власта сака да спречи погребни церемонии, кои би можеле да водат до нови протести. Полицијата соопшти дека на викендот уапсила околу 300 луѓе, а меѓу приведените, тврди опозицијата, се блиски соработници на опозицискиот лидер Мусави и на поранешниот ирански реформски ориентиран претседател Мохамед Хатами.

Демонстрантите во неделата го искористија празникот Ашура за одново да се спротистават на режимот на претседателот Махмуд Ахмадинеџд, чија изборна победа не ја признаваат.

Автор: ЖА/БГ/дв/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска