1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тензии поради австриската патарина за странци

Патарина за странци веќе 16 години се применува во Австрија. Но, таа и натаму не е прифатена од жителите во пограничните области, како што се германски Киферсфелден и австриски Куфштајн, оти таа им создаде проблеми.

По мраз или снег - се’ едно: Ханс Хануш секое утро оди на работа од Киферсфелден во германската покраина Баварија во Куфштајн во Австрија. Растојанието е пет километри, но по спореден пат. Од декември Хануш тргнува порано.

„Вообичаено кога одам на работа во Куфштајн возам 10 до 12 минути. Ако има застој, може да трае и 30 минути за да стигнам на работа“, вели Хануш.

Причина за застојот е еден автопат. Откако овде е воведена патарина, сите кои одат на работа од едно во друго место се префрлија од автопатот на споредниот пат во соседна Австрија. Последен излез пред границата со Австрија е Киферсфелден. Ако се продолжи по автопатот, потребна е вињета за платена патарина.

„Европскиот суд би морал да побара регулатива, првиот излез во секоја земја да е достапен без патарина“, смета Хануш.

Се бараат споредни патишта

Со избегнувањето на автопатот се интензивира сообраќајот во соседните места Киферсфелден и Куфштајн. Сега во скијачката сезона во Куфштајн се очекуваат по четири илјади, па дури и повеќе автомобили дневно. Германците и Австријците се согласни во тоа дека не ги сакаат во своите градови оние кои ја избегнуваат патарината. Но, Штефан Јуфингер е загрижен за својата новоотворена продавница.

Auto mit österreichischen Vignetten in München

Автомобил фотографиран во Минхен, кој е излепен со австриски вињети

„Денес е тешко да привлечеш купувачи од супермаркетите кај нас - во специјализираните продавници. А, сега имаме уште една пречка повеќе купувачот да дојде кај нас и тоа сообраќајна, оти патиштата се преоптоварени“, вели младиот месар.

Жителите имаат чувство како да живеат на бензинска станица.

„Во градот и онака секогаш на викенд има густ сообраќај. Тоа веројатно ќе биде катастрофа, за нашиот град“, вели една жена.

„Со години си беше така и сега одеднаш е воведена вињета за оваа кратка делница, што не е добро“, се надоврзува нејзина сограѓанка.

И политичарите во собранието на градот се против решението на владата во Виена. Градоначалникот 16 години успеваше по исклучок да обезбеди ослободување од патарина, за да бидат заштитени жителите од премногу интензивен сообраќај.

„И потоа одненадеж, како на препад, дојде воведување на контрола, според мене од неверодостојни причини - заради праведност на патарината. Мислам дека тој аргумент не држи, оти еднаквоста пред законот би требала да значи дека се сите исто погодени. А, Куфштајн е сосем поинаку погоден од сите други“, вели Мартин Крумшнабел, градоначалник на Куфштајн во Австрија.

Проблемот ќе се реши со тужба

Градоначалникот добива поддршка и од Киферсфелден. Ханс Хануш со сопартијците од СПД веќе за ова разговараше со претходниот австриски министер за сообраќај.

Deutschland Österreich Protest gegen Kontrolle der Vignettenpflicht

На почетокот од декември во Баварија имаше протести против контролите на вињетите во Австрија

„Во август бевме во Инсбрук и разговаравме со госпоѓа Бурес. А, таа само рече дека таков е законот и нема зошто да го менува“, нагласува електричарот Ралф Визер.

Ханс Хануш има намера да поднесе тужба против патарината во Европскиот суд на правдата.

„Автопатот е правен како заобиколница на градот, а не споредниот пат како заобиколница на автопатот“, вели конструкторот во машиноградба Хануш.

Спорот за приближно два километра автопат останува тема за разговор, оти кој ќе го пропушти последниот излез на германска страна, мора да плати. За прекршок Австријците наплатуваат сто и дваесет евра.