1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тензии во општина Центар

Седницата на општина Центар, која започна денеска (07.06) околу 14 часот е прекината затоа што насобраните граѓани пред општината ги скршиле прозорците на влезната врата и стаклата во салата, јавува агенцијата Макфакс.

Агенцијата Макфакс од местото на настанот јавува дека „демонстрантите ги симнуваат и завесите од прозорците тргајќи ги од надвор, иако пред нив има кордон полиција којашто млако или воопшто не реагира на нивните акции“.

Околу три илјади граѓани кои од местото каде треба да биде изградена црквата „Свети Константин и Елена“ се упатија кон општина Центар, влегоа во дворот и ја опструираат седницата на советот на општината, информира Макфас, додавајќи дека дваесетина граѓани на скопската општина Центар уредно поднесле барање вчера да присуствуваат на седницата што им било одобрено, но денеска не им се дозволувало да присуствуваат на почетокот на седницата. Објаснувањето од Општина Центар е дека „кога ќе стигнат точките за коишто е поднесено барањето тие ќе бидат повикани да присуствуваат“.

Но „тројца од граѓаните кои влегоа во салата не сакаа да ја напуштат сe‘ додека не интервенираше полиција и беше соопштено дека градоначалникот Андреј Жерновски и претседателот на Советот ќе им се обратат надвор, на што реагираше еден од советниците од ВМРО-ДПМНЕ кој рече дека денеска има седница, а не митинг на кој градоначалникот треба да се обрати“, јави репортерот на Макфакс.