1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тензии во Заливот поради Викиликс

По објавувањето доверливи документи на Викиликс, почнуваат првите тензии. Според објавеното, арапските држави разговарале со САД за можен напад врз Иран, наспроти тврдењата на тие земји дека се против воена акција.

default

Еден од најделикатните документи што протекоа на Викиликс е транскриптот од разговорот меѓу кралот на Саудиска Арабија, Абдула, американскиот амбасадор во Ирак, Рајан Крокер и генералот Дејвид Петреус, во кој саудискиот монарх побарал САД под итно да сторат „се` што треба“ за да ја сопрат иранската нуклеарна програма. Според протоколот од нивната средба на 20. април 2008 година во Ријад, кралот Абдула ги повикал САД „да и‘ ја скратат главата на змијата“.

Слични барања до САД, според документите објавени на Викиликс, упатиле и кралот на Бахреин, како и шеикот Мохамед бин Зајед од Абу Даби.

Не изненадува фактот што иранската нуклеарна програма била дел и од разговорите меѓу американските и израелските власти. Израелците, наводно, минатата

Barack Obama König Abdullah

Американскиот претседател Барак Обама и саудискиот крал Абдула

година ги предупредиле Американците дека на Вашингтон му истекува времето да го сопре Техеран и дека 2010 е „клучната година“.

Ахмадинеџад не им верува на објавените документи

Објавените документи говорат за нивото на загриженост околу иранската атомска програма што владее на Блискиот Исток и, наспроти јавните тврдења на арапските лидери, ја покажуваат подготвеноста на арапските држави да применат воени средства за да се справат со неа. Досега единствено Израел јавно се изјаснил за воздушни напади против Иран, меѓутоа ниту една арапска држава досега јавно не проговорила дека би поддржала воена акција против иранската нуклеарна програма.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад не им верува на објавените документи. Тој се сомнева дека арапските соседи би застанале на страната на Американците, доколку тие решат да го нападнат Иран:

„Сето ова ми личи на психолошка војна на тајните служби и нема никаква правна вредност. Убеден сум дека нема да ги постигнат посакуваните политички цели“, истакна Ахмадинеџад.

Израелците, од друга страна, чувствуваат потврда на своите ставови. Објавувањето на тајните документи на американскиот Стејт департмент покажуваат дека и арапскиот свет го гледа Иран како безбедносна закана.

„Можеби објавувањето на документите ќе придонесе

Iran Präsident Mahmoud Ahmadinedschad

Сето ова ми личи на психолошка војна, вели иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

арапските лидери да бидат похрабри и во иднина и јавно да го кажат она што го кажуваат зад кулисите. Можеби е можно да се постигне пресврт на патот кон постигнување мир“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во Саудиска Арабија расте незадоволство

И додека Иранците можеби не изгледаат шокирани од објавувањето на доверливите информации, тие можат да доведат до сериозна нестабилност во Саудиска Арабија. Во земјата расте незадоволството од лојалноста на нејзините лидери кон САД, што оди дури до подготвеност да ги поддржат и да им се придружат на Американците во воената акција против Техеран. Досега Саудиска Арабија јавно секогаш велеше дека под никакви услови нема да се согласи на напад против Иран и дека нема излезе пресрет во снабдување на светот со нафта, доколку дојде до напад на Иран, вториот најголем производител на нафта меѓу членките на ОПЕК, по Саудиска Арабија. Документите објавени на Викиликс покажуваат јасни спротивности меѓу она што Саудиска Арабија јавно го декларира и она што навистина го мисли - што би можело да доведе до сериозна нестабилност на Блискиот Исток.

Автор: Ник Ејмис/дв/Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM