1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Темното наследство на Асад

Деновите на власта на Асад се можеби избројани, но што ќе дојде потоа во Сирија е нејасно. Сириското општество стенка под наследството на диктатурата. Страните во конфликтот би можеле да продолжат и натаму со насилство.

Пад на власта на Башар ал-Асад, по концентрирањето на борбите во Дамаск и атентатот врз водечки претставници на режимот, веќе никој не може да исклучи. Прашање е меѓутоа дали победа на бунтовниците би донесла подобри времиња во земјата. Зашто тие мора да се борат против наследството на режимот. Таткото и синот Асад се на власт во Сирија над 40 години. Двајцата се дефинираат како секуларни политичари, но тоа не ги спречуваше на клучните политички, воени и економски позиции, да поставуваат припадници на

Symbolbild Syrien ethnische Minderheiten

Припадници на етнички малцинства во Сирија

Алавитите, значи на она шиитско малцинство на кое припаѓаат и самите. На некои функции има и припадници на сунитската и христијанската елита, но во центарот на моќта беа Алавитите. Бруталноста со која тие до денес ја бранат својата позиција, кај многумина противници на режимот разбуди потреба за одмазда. Ако владата на Асад падне, во Сирија би можеле да настапат „ноќи на долгиот нож“.

Маргрет Јохансен, политиколог во Институтот за истражување на мирот и безбедносна политика на Универзитетот Хамбург, вели:

„Можноста по распад на режимот на Асад да дојде до насилство е исклучително голема. Земјата е етнички и верски фрагментирана“.

Состојба која нема да се промени и со пад на режимот на Асад, зашто неговото наследство, конфесионална и етничка поделба, останува и натаму.

Влада на национално единство

Доколку режимот на Асад биде соборен, ќе настапи часот на вистината за двете големи опозициони групации - „Сирискиот национален совет“ (СНЦ) и „Националниот комитет за координација“ (НЦЦ). Според сопствени наводи, тие две организации обединуваат околу 90% од противниците на Асад. Двете соопштија дека ќе ги застапуваат сите сириски опозиционери, независно од етничката и верска припадност. Се сака влада на национално единство,

Symbolbild Syrien Wirtschaft

Земјата е длабоко поделена по етничка и верска основа

соопшти портпарол на Сирискиот национален совет, кој сака да остане анонимен. Но со оглед на тоа што при изградбата на нова Сирија е неопходно искуство во управувањето и владеењето, ќе се соработува и со претставниците на старата влада, под услов да не направиле злосторства.

„Нема да направиме грешка како во Ирак, имено да дозволиме поделба на општеството. Таа грешка ќе ја избегнеме. Под такви услови сме сигурни дека ќе може да составиме нова влада“, вели портпаролот.

Да се воспостави навистина доверба во влада на национално единство би било рамно на културна револуција, зашто и таткото и синот Асад постојано се залагаа за сириско единство, а истото го газеа. Така, повеќето Сиријци се навикнаа во случај на двоумење да не и‘ веруваат на државата, туку на сопствената група, било таа да е етнички или религиозно дефинирана.

За помирување е неопходна дисциплина

Ако режимот биде соборен, земјата ќе има прво итна задача да го запре насилството меѓу одделни групи на населението. Тоа е можно, како што

Syrien Proteste Symbolbild

Да се состави влада на национално единство е рамно на културна револуција

покажуваат некои примери како што е јужноафриканскиот. Потребна е тркалезна маса, на која ќе бидат застапени сите групи, вклучително и претставници на стариот режим. За тоа меѓутоа е неопходна голема дисциплина на сите учесници, објаснува Јохансен.

„Меѓутоа ваков аранжман на владеење е компликуван. Предуслов за него е одмаздата да се остави настрана’, вели Маргрет Јохансен.

Примери дека тоа би можело да успее има, но Јохансен очекува во Сирија овие процеси да траат долго време. Од друга страна, пак, друга алтернатива и нема, нагласува таа.