1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Темни дамки на пудингот од „Др. Еткер“

На почетокот беа акционерските друштва, потоа следеа семејните фирми - „Dr. Oetker“ е уште едно германско претпријатие кое се соочи со својата улога во националсоцијализмот. Што се крие зад новата отвореност?

default

Неговото име стои на кутии со пици, пакувања пудинг или кесичките со прашок за пециво. Доктор Еткер (Dr.Oetker) се вбројува меѓу најпознатите семејни германски претпријатија на Германија. Речиси 70 години по крајот на Втората светска војна претпријатието сега објави студија за своето минато во периодот на националсоцијализмот. „Dr.Oetker“ е едно од последните претпријатија кое го стори тоа, многу други германски претпријатија уште пред повеќе години се соочија со своето минато. Историчарот од Минхен, Јирген Фингер, соработуваше во студијата за Еткер. Тој знае, зошто на фирмата ѝ требаше толку долго време.

August Oetker

Аугуст Еткер

„Долгогодишниот патријарх на фирмата Рудолф-Аугуст Еткер никогаш не зборуваше со своите осум деца за времето на националсоцијализмот и се противеше на навраќање на историјата на фирмата“, вели Фингер. Меѓутоа син му и негов наследник, Аугуст Еткер, имал потреба за фундаментална обработка на историјата на фирмата, вели Фингер во интервју за ДВ. Студијата на историчарот од Лудвиг Максимилијан универзитетот во Минхен внесува светло во темнината.

Семејството Еткер се обидуваше да воспостави близина со режимот на Адолф Хитлер

А темни дамки во историјата на производителот на пудинг има доволно. Како и многу индустријалци и тогашниот шеф на фирмата Рихард Каселовски се обидуваше да воспостави блискост со националсоцијалистите. Кратко откако Адолф Хилтер ја освои власта, Каселовски пристапи во партијата НСДАП. Тој постојано донираше големи суми на еден од водечките националсоцијалисти: на водачот на СС, Хајнрих Химлер. Исто така и посинокот на Касаловски и наследник на раководната функција во фирмата, Рудолф-Аугуст Еткер, не се стеснуваше од контакти со властодржците во Третиот рајх. 1941 година тој доброволно се пријави за СС-трупите, кои меѓу другото беа надлежни за стражата во концентрационите логори.

Dr. Oetker 1941 Firmenjubiläum

Семејството Еткер не стравуваше од близина со нацистичкиот режим

Исто така во претпријатието биле ангажирани принудни работници, иако не во централите, се вели во актуелната студија од Минхен. За историчарот од Бон Јоахим Шолтисек тоа не е изненадување: „Навистина чисто не беше ниту едно претпријатие во Втората светска војна. Секој мораше да има принудни работници, кога сопствените работници се бореа на фронтот“. Дури и стриктните противници на режимот, како индустрискиот фабрикант Роберт Бош.

Шолтисек, по желба на семејството Квант, се занимаваше со минатото на производителот на автомобили БМВ. Бонскиот историчар говори за вистински бран научни проекти за улогата на германските претпријатија во националсоцијализмот: „Тоа почна во периодот на почетокот на новиот милениум, кога 'Дојче банк' даде налог за голема студија“. Многу акционерски друштва како „Дајмлер“ или „Фолксваген“ потоа исто така објавија информации за историјата на нивното претпријатие во Тетиот рајх.

Сѐ помалку сведоци

„Тоа е, меѓу другото, и поради тоа што дојде до смена на генерациите во претпријатијата“, вели Шолтисек. Оние кои седеа во раководството на фирмите и самите беа поврзани со принудните работници во војната, сега веќе не се таму и веќе не претставуваа пречка за вистината да излезе на виделина. „Колку е подалеку Третиот рајх, толку е полесно да се занимаваме со него“. На акционерските друштва пред 15 години им било полесно отколку на семејните претпријатија „Таму нема личен однос со тоа, оти на шефовските позиции седеле татковците“.

Dr. Oetker Werbeplakat

Реклама за „Dr.Oetker“ во војната

Затоа семејните претпријатија дури од неодамна засилено инвестираат во разјаснување на нивната историја, откако луѓето кои тогаш раководеа веќе починаа и веќе не можат да се противат на истражувањата. Интерес за сопствената историја фирмите покажуваа уште во 1960-тите, вели Шолтисек. Но тогаш хрониките, кои се издаваа на пример за јубилеи, беа разубавувани.

Можна причина за ненадејното отворање: јавниот притисок. „И властите денес се транспарентни, така што фирмите не сакаат да заостануваат“, вели историчарот Шолтисек. Но кај многумина има и страв дека некој друг би можел да ги открие темните пасажи во историјата на фирмата. Така, на пример, беше кај семејството Квант, кое по еден телевизиски филм за нациситичкото минато на семејството даде налог за изработка на сопствена студија од страна на универзитетот во Бон. „Денес претпријатијата затоа велат: порадо самите ќе го направиме тоа“, вели Шолтисек.

Исто така и концернот „Тенгелман“ во моментов го истражува своето нацистичко минато. Тогаш повеќето претпријатија ќе го имаат обработено своето минато, проценуваат научниците.