1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Темата расизам ги тресе германските либерали

Шефот на партијата на Либералите во покраина Хесен, Јерг-Уве Хан предизвика лавина негодувања поради неговата изјава за потеклото на претседателот на партијата Филип Реслер.

Ханс-Уве Хан ги предводи либералите во Хесен и во покраинската влада е вице-премиер и министер за интеграција. Спорната изјава ја даде за вчерашното (07.02) издание на весникот „Франкфуртер ноје пресе“. Точниот цитат гласи:

„Што се однесува на Филип Реслер радо би сакал да знам, дали нашето општество е стигнато толку далеку, уште долго да акцептира вицеканцелар со азијатски изглед?“

Опозицијата реагираше со жестока критика: „Ефтин расизам“, „испад без стил“, „најдолно скалило на политичката борба за превласт“ и „целосно непреифатлива формулација“ - беа само дел од обвинувањата на социјалдемократите, Зелените и Партијата на Левицата.

Обид да смират страстите

Либералот Хан, во меѓувреме се обиде да ја поправи ситуацијата со писмено соопштение: „Мојата изјава во никој случај не е напад врз Филип Реслер. Воопшто немам сомнежи во неговите компетенции како вицеканцелар и претседател на партијата“, пишува покраинскиот шеф на либерелите. „Јас само сакав да укажам на тоа дека во нашето општество постои широко распространет, честопати подсвесен расизам“. Овој општествен проблем не смее да се премолчува, туку мора отворено да се зборува за него, да се бориме против него, појаснува министерот: „Оној кој во мојата изјава чита нешто друго од ова, тогаш погрешно ме сфатил“.

Германските либерали неодамна водеа дебата околу персоналните решенија, при што шефот на партијата Филип Руслер беше потврден на оваа позиција, а шефот на пратеничката група на либералите во Бундестагот, Рајнер Бриделе, беше избран да ја предводи претстојната изборна кампања на оваа партија. Потоа една новинарка го обвини Бридерле за непристојни изјваи со што ја предизвика дебата за сексизмот во Германија.

Christian Lindner Phillipp Rösler Rainer Brüderle FDP

Шефот на либералите Реслер со партиски колеги

Бридерле во мај 2012 година на еден партиски конгрес во Хесен предизвика внимание со една забелешка во однос на Реслер:

„Веродостојност се сетекнува, не со нишање како бамбусови прачки, туку ако се стои како даб“. Реслер, кој е роден во Виетнам во неговиот говор кога ја презема должноста шеф на либералите се карактеризираше вака: „Бамбусот се ниша на ветрот и се свиткува при бура, но не се крши“.

Шефот на либералите Филип Реслер се спротивстави на обвинувањата за расизам: „На Јерг -Уве Хан ни од далеку неможе да му се припшише дури ни сомневање за расизам“, изјави германскиот министер за економија и вицеканцелар денеска во Берлин. Реслер дополни: „Јас не ја разбирам возбудата околу толку критикувата изјава во интервју на Јерг-Уве Хан од четвртокот“. Како министер за интеграција во Хесен Хан изминатите години успешно работеше, истакна Реслер.

Од кругови на либералите меѓутоа се вели дека расистички изјави против Реслер, на пример на маргините на некога предизборна манифестација воопшто не биле ретка појава.