1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Телефон што се користи само со поглед

Компанија од Копенхаген создаде софтвер кој им овозможува на корисниците своите мобилни телефони да ги контролираат само со поглед. Многумина сметаат дека овој изум би можел да предизвика вистинска револуција

Дали некогаш сте посакале да го отклучите својот мобилен телефон со еден единствен поглед? Данската компанија „Ај трајб“ (The eye tribe) може да ви ја исполни оваа желба. Компанијата развила програма која се базира на инфрацрвена технологија и овозможува телефоните да бидат контролирани со поглед.

„Инфрацрвена камера ја собира рефлектираната светлина од очите која претходно се проектира кон нив. Програмата може многу прецизно да одреди кон кој дел од екранот е насочен погледот“, вели Алструп Јохансен, доктор на науки при Универзитетот во Копенхаген и дел од четиричлениот тим кој работи на овој проект. Со помош на приватни инвеститори, кон крајот на ова лето тимот успеал да собере околу 615.000 евра кои биле доволни за развој на прототип.

Јохансен и неговите колеги сметаат дека управувањето со поглед и телесни движења е наредниот голем новитет, следбеник на технологијата на допир, која денес ја користат сите произведувачи на мобилни телефони. Програмата во моментов, се опишува како дополнителен начин на контрола и чекор кон уште „попаметни“ уреди. Изумот би можел да направи суштински промени во областа на видео игрите, забавата па и учењето.

„Замислете си електронска книга која автоматски ќе ја сврти прочитаната страница, телефон што може да го активирате и користите со поглед и кој автоматски ќе се исклучи кога веќе не се фокусирате на него“, опишува Јохансен.

Тој додава дека оваа технологија дефинитивно ќе ги промени видео игрите во иднина, бидејќи самата игра во секој момент ќе знае кон кој детал е насочено вашето внимание.

Штетни последици

Логично е да се постави и прашањето за штетните ефекти од ваквата програма, како на пример напрегнувањето на очите. Од Централното здружение на оптичари во Германија предупредуваат дека оваа технологија се’ уште не е доволно проучена. Оттаму, не може со сигурност да се знаат последиците од активното користење на истата.

Томас Лишка, офталмолог на Универзитетската клиника во Хамбург, вели дека изложувањето на очите на инфрацрвени зраци може да предизвика компликации:

„Познато е дека инфрацрвените зраци можат да ја оштетат окуларната површина. Луѓето се се’ подолго пред своите мобилни телефони, а долготрајното изложување на инфрацрвени зраци може да биде навистина критично“, објаснива Лишка. Според него, неопходно е изложувањето да се ограничи на краток временски период за да се избегнат непотребните ризици. Исто така тој смета дека истражувањата за оваа технологија мора да ги опфатат сите аспекти со цел да се докаже дека е потполно безбедна за користење.

„Доколку со погледот сакате да воспоставите директна контрола, на пример видео игра во која се нишани, тогаш е потребно подолго време за да се навикнете. Постојат начини со кои луѓето можат да се адаптираат на контрола со поглед, дури и кога тоа изгледа помалку неприродно“, смета Алструп Јохансен. Неговата компанија, контролата со поглед ја смета за надополнување на други видови на контрола за уреди, како на пример гласовната контрола која е веќе позната на пазарот.

CeBIT 2005: Vielfältig einsetzbar, Handy als Spiegel mit Galeriebild

Од патент до широка употреба

Од „Ај Трајб“ посакуваат нивната технологија да стане дел од широката потрошувачка. Токму затоа, оваа компанија овозможи и бесплатни софтверски пакети за сите програмери согласни да создаваат апликации за „технологијата на поглед“.

„Веруваме дека контролата со поглед е единствената технологија од која може да имаат корист сите луѓе во светот. Треба да биде достапна секаде“, вели Јохансен.

Но „Ај Трајб“ во моментов се наоѓа пред голема препрека. Во периодот што претстои фирмата ќе мора да убеди големи компании како „Епл“ и „Самсунг“ во новата генерација на електронски уреди да вклучат и компоненти неопходни за функционирање на контролата со поглед.

„Потребно е да направат мали измени и прилагодувања на нивните уреди, а бидејќи на пазарот постои голема возбуда за нашата технологија, мислам дека ќе го сторат тоа“, завршува Јохансен.