1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Телефонски разговор Солана Лариџани

Иран и ЕУ ги обновија контактите во врска со спорната нуклеарна програма на Техеран, соопшти иранската агенција за информации. Според овој извор, главниот ирански преговарач Али Лариџани и високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана синоќа телефонски разговарале за спорот. Според Лариџани, двете страни изразиле согласност дека решението треба да се најде преку преговори. Лариџани нагласил дека контактите меѓу Брисел и Техеран ќе продолжат независно од неконструктивниот карактер на новоусвоената резолуција во СБ со која се бараат поостри санкции за Иран.