1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Телесната хигиена - луксуз за многумина во Париз

Многу градови во Франција мора да изградат повеќе јавни бањи со тушови - т.н. Бен- душ. Имено два милиони луѓе во Франција живеат во станови без бања, повеќето од нив во престолнината Париз.

Некои од јавните тушoви во Париз, кои Французите ги викаат Бeн-душ, се стари повеќе од 100 години. Некогаш биле луксуз, но денес овие бесплатни топли тушoви, кои ги финансира градот, ги користат илјадници Парижани.

„На табла запишувам во колку часот влегло едно лице во кабината. Во неа смеее да остане 20 минути“, раскажува Мари- Ен Кандасами, вработена во јавна бања со тушови во Париз.

Серж е еден од оние кои редовно даѓаат тука. Бен-Душ за него е повеќе од место за телесна хигиена. „Тоа е важно и за мојата душа. Се чувствувам почисто, па така сум и порасположен. Секојпат денот го започнувам со нов ентузијазам.“, вели Серж.

Во француските градови јавните тушови ги користат стотици илјади луѓе. Кој сака да добие место, мора да побрза.

„Имаме помеѓу 300 и 400 посетители дневно. Доаѓаат луѓе како мене и Вас, луѓе кои имаат работа, бидејќи во Париз се' уште има многу станови без бањи. Во 2014. година, во Париз. Тоа е срамота“, вели Мари-Ен Кандасами.

Серж Беснар живее во париската населба Монмартр и е еден од ретките сиромашни станари тука. Неодамна имал среќа и успеал да изнајми мал социјален стан во еден кварт во Париз, кој е на цена.

„Живеам онде, на аголот меѓу стеблата. Имам голема среќа што живеам тука и често одам на прошетка низ Монмартр“, вели Серж.

Во квадрати тоа е многу мала среќа. Станчето има 15 метри квадратни. Во Париз има илјадници такви. Дури и за ваков мал стан пазарната цена на киријата изнесува околу 700 евра месечно. Серж мора да штеди, па така главно не пушта греење. А бидејќи ги користи јавните тушови, не плаќа ни топла вода.

Сопствениците не се должни да ги опремат со бањи малите станови во стари згради. Побарувачката е и онака доволно голема, па и такви станови наоѓаат потстанари. Многумина мораат да го прифатат она што им се нуди бидејќи во Франција недостасуваат речиси милион станови.

Оние кои заработуваат малку, па дури и луѓето со просечни примања, кои ги користат јавните тушови, за вакви објекти можат само да сонуваат. Ваков луксуз може да си дозволи се’ помала група богати луѓе.

Идниот сопственик на еден стан со поглед на Плас д’ ла Конкорд ќе има дури 3 бањи. Цената - 7 милиони евра.

„Во последно време продадовме повеќе вакви станови. Цената за метар квадратен изнесува 30.000 евра. И за овој овде имаме неколку заинтересирани - Јужноамериканци и Европејци, а меѓу нива има и Австријци“ , вели Мари-Елен Лундгрин, агент за недвижности во Париз.

Мнозинството парижани некако се снаоѓа и во мал стан. Серж ужива во убавиот поглед низ прозорецот, а кога ќе го фати клаустрофобија, излегува надвор. Стари познаници среќава дури и во јавните тушови.