1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Телевизија Ајскелерберг преферира експерименти

Интернет-телевизијата Ајскелерберг од Диселдорф има невообичан пристап кон уметноста. Таму можете да најдете блогови за култура и уметност. Проектот на Карл Фридрих Шреер и Том де Бок се финансира од спонзори и огласи.

default

Доколку сте вљубеник во уметноста и живеете во Германија, а не сте задоволни со вообичаените петминутни прилози што се прикажуваат на телевизиските емисии посветени на културата, во тој случај блоговите за култура и уметност на интернет се вистинската адреса. Таков невообичан пристап кон уметноста има и интернет-телевизијата Ајскелерберг од Диселдорф.

Основачи на телевизијата Ајскелерберг се Том де Брок и Карл Фридрих Шреер. Нивните критериуми се високи. За разлика од пионерите на германската уметничка блог-телевизија „Вернисаж“ од Берлин, тие не емитуваат видео прилози без коментар. На страницата поставуваат и подолги текстови. Кога пред година и половина ја основаа телевизијата Ајскелерберг, Бок и Шреер сака да фрлат критички поглед на уметничката сцена и да известуваат слободно: „Кога човек се занимава со уметност, многу бргу станува и нејзин роб, како продолжена рака на музејот, како вид посредник до неуките. Но, наша работа не е да им мудруваме на другите“, вели Фридрих Шреер.

Да се воодушеви набљудувачот

Тој и партнерот Брок уметниците најчесто ги интервјуираат пред нивните дела. Шреер како што вели најмногу би сакал уметникот за време на разговорот да се качи на сопствената скулптура. Не само содржински, туку и естетски телевизијата Ајскелерберг сака да биде оригинална. Резултатот на нивните инциденти исполнети со фантазија може да се види.

Symbolbild Internet wird Hauptquelle für Nachrichten Flash-Galerie

Познатиот уметник Џоната Месе за телевизијата Ајскелерберг еднаш го интервјуираше мало девојче. Такви експерименти ретко или никако не можат да се видат на другите програми, вели Шреер, додавајќи: „Може да се каже дека учиме од уметниците. Тие секогаш се обидуваат да ги изневерат очекувањата на публиката. Секогаш сакаат да направат нешто ново, нешто оригинално. Впрочем, сакаат да го воодушеват набљудувачот. Кога и ние би успеале во тоа, би било одлично.“

Телевизијата Ајскелерберг ја сочинуваат мала канцеларија и студио за продукција. Таа се наоѓа директно наспроти познатата Диселдорфска уметничка академија. Сите занимливости од академијата оваа телевизија ги набљудува од непосредна близина.

Идеализмот најголем двигател

На уметничката сцена интернет-блогот стана поим. Уметникот Маркус Карстиц, кој и` даде интервју на телевизијата Ајскелерберг, вели дека одамна се простил од традиционалната телевизиска програма и се служи исклучиво со интернет.

Blogger Dossierbild 1 von 3

„Информациите кои ви се потребни барајте ги преку вакви канали. Тие не поставуваат секој ден нов прилог на блогот, но си земаат доволно време за секој текст што ќе го објават. Еднаш до двапати неделно проверувам дали објавиле нешто ново.“

На почетокот од годинава телевизијата Ајскелерберг започна енергична промоција на новата интернет страница, која ја дизајнираше колекционерот Кристијан Борос. Проектот на Карл Фридрих Шреер и Том де Бок се финансира од спонзори и огласи, а главен двигател е идеализмот и надежта на овие млади луѓе дека ќе успеат да се етаблираат.

Автор: Забине Елце/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина