1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Текстилците ги напаѓаат фабриките во Бангладеш

Во текот на протестите на текстилните работници во Банглaдеш повторно дојде до судири со полицијата. Според медиумски информации, повредени се околу 30 луѓе.

Текстилните работници нападнале фабрики кои се наоѓаат во индустриската зона на периферијата од главниот град на Бангладеш, Дака. Протестот е насочен против предлогот за зголемување на минималната плата за 77%, односно на околу 50 евра месечно. Тоа и со покачувањето би била најниската минимална плата во светот, се жалат работниците, кои бараат најмалку 76 евра месечно.

Портпарол на полицијата соопшти дека поради протестите, односно во знак на претпазливост, во близината на Дака се затворени околу 100 текстилни фабрики.

Безредијата во Дака се случија за време на 84-часовниот генерален штрајк во земјата, кој треба да заврши во среда (13.11). Во изминатите две недели, во текот на слични протести, ширум Бангладеш загинаа 19 лица. Работниците имаат намера да ја принудат премиерката Шеик Хасина на оставка.