1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Текстилот како барометар на кризата

Оптимизмот, раширен по информацијата дека најмоќните економии во Европа излегуваат од рецесија се пренесе и во Македонија. Особено во индустриските гранки кои најмногу соработуваат со европски партнери, како текстилната.

default

Текстилна фабрика во Македонија

Лани во Европската Унија вредноста на извезениот текстил од Македонија изнесува повеќе од 500 милиони долари. Околу осумдесет проценти од оваа сума припаѓаат на извозот во Германија. Владо Нетков е претседател на групацијата за текстил. Вели дека состојбата во секторот е тешка, дека е неопходна помош од државата, но се надева дека претстојната сезона ќе биде поповолна од претходната. Оптимизмот го базира на информациите дека на германските партнери добро им оди работата.

“Во Германија е во тек продажбата на нивните колекции на потенцијалните купувачи, според првите сознанија од предпродажбата на нашите странски партнери знаеме дека ситуацијата е нешто подобра во однос на пролетната колекција“.

Нема нови откази, погоните работат

Текстилната индустрија беше една од првите и најпогодени од последиците на глобалната криза. Најголемиот број отпуштени работници во Македонија, неколку илјади, работеа во текстилните фабрики. Сега погоните работат, нови откази нема. Во Македонско-германското стопанско здружение велат дека статстичките податоци влеваат надеж дека ќе биде подобро. Марија Радевска од ова здружение за Дојче веле објаснува.

“Оваа година имаме голем пад во побарувачката од 60 проценти во првиот квартал, во вториот квартал се забележува подобрување, фирмите се надеваат дека третиот квартал ќе мине со само 25 проценти загуба од побарувачката, се чуствуваат позитивните сигнали и фирмите се надеваат дека ќе се балансира работата“.

Shuya, Textilfabrik

Во очекување на помош од државата

Текстилците велат дека летово обемот на работа е зголемен но е сепак многу зад ланското ниво. Странските партнери постепено ги обновуваат нарачките но поради кризата бараат многу ниски цени за артиклите од лон производство, од чија продажба живее текстилната индустрија во Македонија.

“Текстилот како производ е најподложен на овие циклични движења во стопанството и мислам дека потрошувачката на текстил најдоцна ќе заживее во однос на другите во структурата на потрошувачката“, изјави за Дојче Веле Нетков од групацијата за текстил. Текстилците очекуваат помош и од државата како превенција од новиот негативен бран што е можен наесен кога настапува меѓу сезоната во текстилниот бизнис. Бараат да се стимулира извозот. Владата вети дека ќе бара начин како да им помогне.

Текстилната индустрија вработува околу 40 илјади луѓе. Заедно со металите и земјоделските производи текстилот е еден од најизвезуваните македонски прозводи.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска