1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тексас им се заканува на меѓународните набљудувачи од ОБСЕ

Државниот обвинител на Тексас Грег Абот во писмо до ОБСЕ ја негира надлежноста на нивните набљудувачи и се заканува со апсење и кривично гонење ако на денот на изборите се приближат на помалку од 30 метри.

Пред претседателските избори во САД се разгоре спор меѓу сојузната држава Тексас и меѓународните набљудувачи од ОБСЕ. Доколку тие се приближат на помалку од 30 метри до гласачките места, тоа ќе биде сметано за криминален акт, соопшти тексашкиот главен обвинител Грег Абот. Според него, никој не смее да се меша во процесот на гласање и да врши влијание врз него.

Изборните набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа, кои од 2002. година ги следат сите американски избори, поради

OSZE Logo

заканите од Тексас се пожалија кај американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон. ОБСЕ во реакцијата, освен тоа, истакнува дека „САД како и сите земји на ОБСЕ имаат обврска да повикаат набљудувачи од ОДИХР за следење на изборите“, а дека се „неосновани“ наводите за наводна намера на набљудувачите да влијаат врз изборите или да се мешаат врз изборниот процес.

Регуларноста на претседателските избори на 6. ноември ќе ја следат повеќе од 50 набљудувачи на ОБСЕ.