1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежoк удар за туризмот во Индија поради групните силувања

Серијата силувања му наштетија на угледот на Индија во светот. Се’ повеќе туристи, пред се’ жени од Западот, се откажуваат од Индија како туристичка дестинација. Дури 72% од туристичките компании сторнирале патувања.

Од почетокот на годинава бројот на странски туристи во Индија oпадна за 25 проценти. Падот меѓу  туристките е уште позначителен: од јануари до март во Индија допатувале 35 проценти помалку жени. Тоа е резултатот на испитувањата на индиската Стопанска комора, објавен во индиските медиуми.
Туристичките компании се шокирани од падот на бројот на туристи, бидејќи изминатите години многу инвестирале во туристичката инфраструктура, за да привлечат, меѓу останатото, и богати туристи од Запад во земјата.

Претставникот на туристичката компанија „Олга“ со седиште во Делхи, Правин Пал, настојува да го намали значењето на добиените резултати: „Имаме умерен пад на бројот на туристи кои ја посетуваат Индија. Но, ако ситуацијата тука остане иста или ако се случат нови силувања, ситуацијата може брзо да се влоши.“

Силување кое го шокираше целиот свет

Причината за падот на бројот на туристи треба да се бара во случувањата во изминатите месеци. Групното силување на една млада Индијка во автобус во Њу Делхи на 16. декември минатата година ја шокираше индиската и светската јавност. Нерешителната реакција на власта за тој случај наведе илјадници Индијци на повеќенеделни протести за кои се пишуваше низ целиот свет.

Protest gegen Vergewaltigung und Kindesmissbrauch in Indien

Протести против групните силувања

Кога брутално силуваната и злоставувана студентка две недели подоцна почина во една болница во Сингапур, политиката веќе мораше да реагира. На осомничените мажи сега им се суди во Њу Делхи. Им се заканува смртна казна.

Но, покрај потезите на политиката таа тема не исчезна од медиумите. Женските организации секојдневно предупредуваат на однесувањето на многу мажи кои немаат никаков респект кон жените. Поради убивањето девојчиња по раѓањето, во Индија има многу повеќе мажи. Тоа до некаде го објаснува проблемот. Освен тоа, многу е раширена лошата слика за жената.

Страв во големите градови

Индија се наоѓа во неспокој. Младите Индијки, кои се делумно подобро образувани од своите врснички, одат во големите градови на студии или да работат. Тие не сфаќаат дека во големите градови не може да им се гарантира сигурност. Голем број родители се загрижени за сигурноста на своите ќерки. И тоа со право. Во Њу Делхи само минатата година имало повеќе од 700 случаи на силувања. А во првите месеци на 2013 година повеќе од 300. Ретко биле покренати обвиненија против сторителите. Во другите големи градови состојбата е слична. Џијоцна Ојха работи за една меѓународна компанија во Делхи. Таа јасно го кажува она што многу жени го мислат: „Индиските родители се грижат за своите ќерки кои работат, особено за време на возењето на работа и од работа. Жените кои работат настојуваат најдоцна во 18 часот да тргнат дома. Подоцна е темно и опасно.“

Случаите на силување покажуваат дека ситуацијата е опасна и за туристките. Во март една Швајцарка, која со сопругот се возела на велосипед, е нападната во централна Индија. Повеќе мажи ја нападнале и силувале. Нешто подоцна една жена од Велика Британија во Агра скокнала од прозорецот на хотелската соба, бидејќи еден вработен во хотелот се обидел да влезе во нејзината соба. Се плашела дека ќе биде силувана.

Економски последици и надеж во подобро

Индиските туристички компании во меѓувреме ги предупредуваат туристите, вели Превен Пал за ДВ: „Ги предупредуваме гостите да не разговараат со непознати лица. Препорачуваме да не го напуштаат хотелот сами по 21 часот, да се движат само во групи и веднаш да не‘ повикаат ако имаат проблеми.“

Indien Gruppenvergewaltigung Schweizerin Schweiz Tourist Touristin Gwalior Madhya Pradesh

Апсење по нападот врз Швајцарката во централна Индија, што се случи во март годинава

Според испитувањата, дури 72 проценти од туристичките компании сторнирале патувања. Притоа, најчесто станува збор за жени од Велика Британија, САД, Канада, Австралија. Туристите кои ги откажуваат патувањата во Индија патуваат за Малезија, Тајланд, Индонезија или за Виетнам. Ваквиот тренд е тежок удар за индискиот туризам, бидејќи од јануари до март е втората половина на шпицот на сезоната. Во 2012 година околу 6,6 милиони туристи во Индија потрошиле околу 13 милијарди евра.

Џијоцна Ојха, сепак, гледа можност за подобрување на состојбата: „Позитивно е оти луѓето сега го креваат својот глас. Пред 5 или 6 години силувањето и сексуалните злоставувања беа едноставно игнорирани. Тоа ќе продолжи, меѓутоа индискиот металитет ќе се  промени.“