1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежок тест за новата стратегија на Обама

Тоа е најголема офанзива од соборувањето на талибанците во 2001. НАТО трупите во јужен Авганистан се борат против бунтовниците. Долго најавуваната акција треба да донесе пресврт во осумгодишната војна во Авганистан.

default

Американските маринци во акција во провинцијата Хелманд

Во американските медиуми може да се чуе и да се види многу за офанзивата во Авганистан. Американските репортери кои ги придружуваат трупите на САД во провинцијата Хелманд известуваат за радијата, телевизиите и големите дневни весници.

Од Барак Обама, кој ги испрати војниците таму досега не може ни да се чуе ни да се види нешто. Тоа е впечатливо, зашто американскиот претседател вообичаено го коментира секој чекор на неговата администрација. Обама сега сета работа му ја препушта на неговиот советник за безбедност генералот Џејмс Џоунс. Тој се појави во неделното политичко ток- шоу на телевизијата „Ен Би Си“. „Ова е важен момент, зашто сега за првпат ги спроведуваме сите битни елементи на новата стратегија на претседателот“.

Да се освои и да се задржи територијата

Karte Afghanistan mit Provinz Helmand UPDATE: mit der Stadt Mardscha Marjah Marjeh

Неговата нова стратегија за Авганистан Барак Обама јавно ја претстави на почетокот на декември. Тежишните точки гласеа: повеќе војници повеќе цивилна помош, повеќе пари. Од саботата наваму американските трупи заедно со британските, холандските и авганистанските војници се борат против Талибанците во провинцијата Хелманд. Со оваа досега најголема офанзива од падот на талибанскиот режим во 2001 година во која учествуваат 15 илјади војници, американската армија има намера да постапи различно од досега, вели генералот Џоунс. „Наместо како порано да го освојуваме теренот и повторно да го напуштаме, сега планираме да го освоиме да го задржиме под наша контрола и да го обновиме. Регионот треба да биде побезбеден, и треба да има функционирачка управа. Се’ на се’ ангажманот треба да добие авганистански лик. Конечно Авганистанците треба да го преземат целосниот суверенитет во оваа провинција“.

Можат ли Авганистанците да ја преземат одговорноста?

Таков е планот, но најголемото прашање гласи: Ќе успеат ли Авганистанците во тоа? Ќе успее ли владата на претседателот Хамид Карзаи навистина да создаде стабилна управа во поранешните талибански упоришта и самата да се грижи за вистинска безбедност таму откако ќе си заминат американските војници? Многумина се сомневаат во тоа. Иако американските војници се борат рамо до рамо со нивните авганистански колеги сепак досега главниот збор во офанзивата во Хелманд го имаат Американците. „Американските маринци го водат најголемиот дел од борбите. Тие предводат и го освојуваат теренот,“ јавува репортерката на телевизијата „Си Ен Ен“, Атиа Абави.

Afghanistan / US-Soldaten / Helmand / NO-FLASH

Значи Авганистанците се се’ уште далеку од тоа, да му дадат свој печат на ангажманот во нивната земја и да ја преземат одговорноста. До средината на наредната година тие се’ уште имаат време. Тогаш Барак Обама сака да започне постепено да ги враќа дома американските војници, доколку како што претпазливо рече за време на претставувањето на новата стратегија, тоа го дозволува ситуацијата во Авганистан.

Автор: Ана Енгелке/Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска