1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тежок неуспех на самитот на ЕУ

Европа се наоѓа во една од најдлабоките кризи во нејзината досегашна историја: по двојното „не„ за Европскиот устав на референдумите во Франција и Холандија, пропаднаа и сите обиди да се најде компромисно решение околу финансискиот план на Унијата.

Разочарани лица во Брисел, Жан Клод Јункер и Жозе Мануел Барозо

Разочарани лица во Брисел, Жан Клод Јункер и Жозе Мануел Барозо

Шефовите на држави и влади на самитот на ЕУ во Брисел не успеаја да најдат компромисно решение по ова тешко прашање. Претседавачот со ЕУ, Жан Клод Јункер ја обвини пред се Велика Британија за ваквиот неуспех. Премиерот Тони Блер до последниот миг бараше темелна реформа на финансиските структури на ЕУ, што наиде на отпор кај мнозинството учесници на самитот.

Ова не е добар ден за Европа – порача германскиот канцелар Герхард Шредер. Изнаоѓањето компромисно решение со помош на добрата волја на сите учесници ќе беше многу важен сигнал за способноста на ЕУ да дејствува, порача Шредер. Но тоа не ни појде од рака поради апсолутно непопустливиот став на Велика Британија и Холандија, изјави Шредер доцна синоќа во Брисел.

Тони Блер изрази надеж дека од сегашната позиција може да се постигне напредок, но истовремено предупреди дека Европа мора да ја смени брзината за да му се прилагоди на светот во кој живееме. Шефот на дипломатијата Џек Стро најави дека Велика Британија ќе се заложи за изнаоѓање решение околу финансискиот план во текот на нејзиното претседателство со Унијата, што почнува од први јули.

Актуелниот претседавач со ЕУ, Јункер се обидуваше до доцна синоќа со нови и нови компромисни предлози да ги надмине спротиставените ставови. Но, во целиот посреднички процес се покажа дека во Европа има две темелно различни табори, кои се судрија на овој самит, но ќе се судираат и понатаму. Едни држави се сиклучиво за проширен пазар, а други се за политичка интеграција на Европа. Веќе подлго време имав чувство дека разликите меѓу двата табора еден ден ќе ескалираат, изјави Јункер и додаде дека неговото големо одушевување за европската идеја по овој самит доживеало тежок удар.