1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тежок земјотрес на Јава

На индонезискиот остров Јава – разурнувачки земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата сакала, кој според досегашните податоци, однесе над 1400 животи.

Вулканот Мерапи е активен - потресите на земјата се поврзани со неговата активност

Вулканот Мерапи е активен - потресите на земјата се поврзани со неговата активност

Бројот на загинатите во земјотресот се зголемува постојано, а од локалните болници се јавува и за огромен број повредени, од кои многу се во критична состојба. Епицентарот на земјотресот бил во универзитетскиот град Јогиакарта.

Во повикот за итна помош упатен до владата во Џакарта од болницата Мухамадија, во градот Бантул, се јавува за куќи срамнети со земја, за голем број мртви и за потреба од итна евакуација. Индонезискиот претседател, Сусило Бамбанг Јудхојоно, испрати војници во погодениот регион, кои треба да помогнат во операцијата на спасување и расчистување на теренот. Голем број мештани поради страв од можен цунами побегнале од регионот во повисоки места. Во Јогиакарта и соседните места нема струја, прекината е телефонската мрежа, а оштетен е и аеродромот, кој во моментов не функционира. Латифур Раман, од Меѓународниот црвен крст, за состојбата во кризното подрачје, за СиЕнЕн изјави: “Во погодениот регион има некои места во кои се урнати до 80% од куќите, а не функционираат ни снабдувањето со електрична енергија, вода и системот на комуникации. Локалните медицински установи се преоптоварени.“

Недалеку од Јогиакарта се наоѓа вулканот Мерапи, кој со недели има засилена активност. Непосредно по земјотресот, кој се случи пред десетина часа, од вулканот излегол облак со жешки гасови и пепел, кој се распространил на подрачје од 3,5 километри. Научниците сметаат дека активноста на вулканот е поврзана со потресите на земјата.