1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежок земјотрес на Филипини

Пред источниот брег на Филипини се случи тежок земјотрес, со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Веднаш по земјотресот е издадено предупредување за можен цунами за повеќе пацифички држави. Според американските геолошки власти, епицентарот на земјотресот се наоѓа на нешто повеќе од 30 километри под морското дно. Весникот „Инквајерер“ на својата интернет страница извести дека засега нема информации за штети. Земјотресот се случил на околу 160 километри оддалеченост од крајбрежното место Боронган, во 14:47 часот по средноевропско време. Од жителите се бара да се засолнат на сигурно поради опасност од цунами.

Според Центарот за рано предупредување од цунами што се наоѓа на Хаваи, земојтреси со ваква јачина „имаат потенцијал да предизвикаат уништувачки цунами“. Засега нема конкретни податоци за големи бранови. Предупредувањето од цунами се‘ уште важи за Филипини, Индонезија и некои пацифички островски држави, а укинато е за Јапонија и Тајван.