1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежок земјотрес и цунами во Јапонија

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди североисточниот регион на Јапонија и предизвика цунами. Бранови високи еден метар го погодија брегот на провинцијата Мијаги.

Во земјотресот и цунамито се повредени најмалку десет лица. Епицентарот на потресот се наоѓал на 240 километри пред брегот на провинцијата Мијаги, на длабочина од 10 километри. По земјотресот, цунами со бранови со висина од 40 сантиметри го погодија и брегот на Фукушима, но нема сеирозни последици по руините од атомската централа, јави агенцијата Џиџи Прес. Фирмите кои управуваат со останатите нукеларни централи во регионот исто така не очекуваат некои поголеми штети.

Минатата година земјотрес и цунами ја опустошија провинцијата Мијаги. Притоа загинаа  или се водат како исчезнати околу 19.000 луѓе. Во регионот оттогаш постојано има поголеми или помали потреси.