1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежок земјотрес во Пакистан

Црниот биланс од силниот земјотрес кој синоќа го погоди југозападниот дел на Пакистан според последните информации изнесува најмалку 160 загинати и голем број повредени и исчезнати лица.

default

Сеизмолошка слика на потресот

Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,4 степени, бил регистриран во провинцијата Белучистан. Информациите оттаму велат дека во краток временски интервал се случиле два силни потреса, кои биле почувствувани и во близина на границата со Авганистан.

Очевидци јавуваат за стотици уништени куќи, луѓе кои во паника ги напуштале своите домови. Шефот на сеизмолошкиот институт во Исламабад, објаснува дека станува збор за земјотрес чиј епицентар се наоѓа само на 10 километри под земјината обвивка. Во вакви случаи последиците се најчесто големи.

Земјотресот е во тешко достапен регион

Провинцијата Белучистан инаку е една од најсиромашните во Пакистан, но исто така важи за меѓу најслабо населените региони во земјата. Во акцијата за спасување на затрупаните под урнатините, чиј број се стравува дека е голем, вклучени се припадници на армијата и хеликоптери.

Pakistan Erdbeben

Бројот на повредени е голем

Армискиот командант во провинцијата, Генерал-Мајор Салем Наваз соопшти дека првите спасувачки единици пристигнале заедно со медицинскиот персонал. Ситуацијата според него е речиси под контрола. Се очекува да притигнат и дополнителни тимови кои треба да постават шатори за сместување на погоденото население.

Погодениот регион е еден од најзафрлените во Пакистан. Патиштата дотаму се тешко проодни, локалните болници се лошо опремени. Кога станува збор за земјотреси, Пакистан важи за земја со висок ризик. Синоќешниот потрес ги разбуди непријатните сеќавања на катастрофалниот земјотрес во пакистанскиот дел на Кашмир, во октомври 2005 година, кога загинаа околу 80.000 луѓе, а милиони ги загубија своите домови.