1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежок атентат врз НАТО-силите во Авганистан

Во самоубиствен напад врз воена база на НАТО, во источниот дел на Авганистан, животот го загубија двајца цивили, додека повредени беа 90 војници.

default

Американските сили во Авганистан соопштија дека нападот бил изведен пред влезот на базата во покраината Вардак, при што бил користен камион полн со експлозив. НАТО ги обвини радикалните талибански бунтовници дека го организирале нападот. Во соопштение по повод 10 годишнината од нападите во САД, талибанците најавија дека ќе ја продолжат борбата се’ до протерувањето и на последниот американски војник од Авганистан. Тие посочуваат дека не биле вмешани во терористичките напади од 11 септември 2001, туку дека САД ги искористиле овие напади како изговор за инвазија врз Авганистан.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска