1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тежиштето на американската политика се поместува?

Американскиот министер за надворешни работи, Хилари Клинтон заминува на прва турнеја во странство. Таа ќе посети неколку земји во Азија. Вашингтон сака силно партнерство преку Пацификот, исто како и преку Атлантикот.

default

Првата дама на американската надворешна политика на прва турнеја

Првата дестинација во странство на новата американска министерка за надворешни работи Хилари Клинтон нема да биде Европа, како што впрочем е вообичаено, туку Азија. Со тоа се покажува поместувањето на тежиштето во светот. Земјите од Г-8 веќе подолго време не ја играат улогата на која се навикнати. Тоа беше јасно уште за време на средбата на Г-20 која се одржа минатиот ноември, во Вашингтон. Државите кои некогаш немаа толку големо влијание, настапија посамоуверено од кога било досега. На Хилари Клинтон и‘ е позната чувствителноста на Европејците. Таа го спомна континентот за време на средбата на Азиското здружение во Њујорк, кратко пред нејзиното патување:

„Во наредните месеци ќе направам напори за подобра билатерална, глобална и регионална соработка. Тоа ќе го сторам за време на средбите со лидерите од Европа, Блискиот исток, Латинска Америка и Африка, но исто така и на разговорите во Токио, Џакарта, Сеул и Пекинг.“

Мировна понуда за Пјонгјанг

Во фокусот на еднонеделната турнеја на Хилари Клинтон ќе бидат повеќе теми. Таа сака да разговара за финансиската и економската криза, но исто така и за

Nordkorea Kühlturm Atomanlage in Pyongyang

Понудата за Северна Кореја гласи „нормализација на односите во замена за стипорање на атомската програма“ (на фотографијата е дел од атомската постројка во близина на Пјонгјанг)

тероризмот и намалување на енергетската зависност. Посебно внимание ќе насочи кон земјата која не е е на нејзината агенда, Северна Кореја. Клинтон го потсети раководството во Пјонгјанг на нивното ветување дека ќе се откажат од атомската програма: „Доколку Северна Кореа навистина е подготвена целосно да се откаже од програмата за развој на нуклеарно оружје и тоа го докаже, тогаш владата на Барак Обама е подготвена за нормализирање на билатералните односи. Долгогодишниот договор за прекин на огнот во Кореа, така ќе може да премине во долгорочен мировен договор. Севернокорејскиот народ, исто така, ќе може да смета на економска и енергетска поддршка.“

Соработка со Кинезите

Првата етапа на турнејата на Клинтон ќе биде Токио, каде

Barack Obama schüttelt Hillary Clinton die Hand

Обама и Клинтон - партнерството преку Пацификот е важно колку и она преку Атлантикот

со јапонските власти ќе потпише договор за безбедност. Со договорот се предвидува повлекување на 8 000 американски војници од островот Окинава. Овие трупи ќе бидат преместени во Гуам. Една од темите за која Клинтон планира да разговара на сите нејзини станици е борбата против климатските промени.

„Цврсто ќе работиме со Кинезите за да создадеме партнерство и да промовираме чисти извори на енергија, поголема енергетска ефикасност, технолошки трансфери од кои ќе профитираат двете страни. Исто така и нови стратегии кои истовремено се во насока на заштита на животната средина и обезбедување на економски пораст“, нагласи Клинтон.

DW.COM