1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Театар од слама на „културниот километар“

„Културата повикува” е пораката на европската културна престолнина, а тоа оваа година е Талин, главниот град на Естонија. Повеќе од половина милион луѓе поради тоа, во првите шест месeци, дошле да го посетат Талин.

default

Талин, европска културна престолнина во 2011 година

Во динамичниот, стар ханзеатски град Талин радо застануваат бродовите кои крстарат низ Балтикот. Има денови кога во пристаништето има пет или шест големи бродови.

Тогаш илјадници туристи ги преплавуваат тесните улици на стариот град кој во Средниот век се нарекувал Ревал и имал тврдина со 46 кули.Тогаш тој бил еден од најмоќните утврдувања во Европа. Добар дел од стариот град е сочуван, и тоа добро сочуван – старите трговски куќи, готската катедрала и големиот дел од градските ѕидини со кули со црвени покриви. Туристите од бродовите за крстарење неуморно фотографираат, заминуваат на средновековен ручек во гостилницата на Олде Ханс и непрестано на цел глас се воодушевуваат на убавината на стариот град. Така Сара Портнер вели:

„Кога некој ќе дојде како турист тогаш по правило останува внатре во ѕидините, во стариот град. Меѓутоа, ја имам среќата овде да живеам подолго и непрестано настојувам да се движам во што поголем круг. И кога ќе се излезе од sидините градот не губи ништо од убавината. Напротив! Се´ е поубав и позанимлив колку што повеќе го запознавам.”

Половина година за да се запознае градот

Estland Meeresmuseum Tallinn

Естонскиот поморски музеј

Сара Портнер е млад книжевник од Минхен и имала пет месеци на располагање да го запознае градот во кој престојувала благодарејќи на стипендијата на Германскиот културен форум на Источна Европа. Воодушевено раскажува за постојано новите откритија за бурната историја на Естонија на која многу влијаеле Данците, Швеѓаните, Германците и Русите под чија што окупација земјата беше во одредени периоди.

Воодушевено раскажува за отвореноста на Талинците и за квартовите надвор од ѕидините, во кои не доаѓа скоро ниту еден турист. Така во делот на градот Каламаја младите креативни луѓе откриле стари дрвени куќи како вистинско место за живеење. Во оваа година во која Талин е културна престолнина на Европа на крајот на тој дел на градот и по должината на брегот го уредиле т.н. „културен километар.“

„Поврзани се местата на кои настанува уметноста, на кои се експериментира или се поигрува со неа“, вели Лина Гуитар. Таа раководи со овој проект. Така се организирани изложбите во поранешниот затвор и на т.н. еколошки остров. Тоа е понтон во вода на кој е паркиран стар англиски двокатен автобус во кој се седи на софи купени на пазар за стари работи и се набљудува водата или заоѓањето на сонцето. Луѓето тоа штотуку го учат.

„Историја на морскиот брег"- мото на годината на културата во Талин

Tallinn Estland Kulturhauptstadt Europas 2011 Flash-Galerie

Обиди за отворање на брегот и привлекување на граѓаните

Неодамнешното минато е виновно што денешните жители на ханзеатскиот град се свртени со грб кон брегот, објаснува Јанус Рохума, програмски директор на Талин 2011:

„Во текот на советската окупација брегот беше затворено подрачје. Таму имаше војска, а имаше и фабрика. Беше невозможно едноставно да се отиде на едрење или било што да се превземе. Веќе со години се обидуваме брегот да го отвориме за граѓаните и таму да ги привлечеме.“

Мотото на целата година на културата гласи: „Историја на морскиот брег.“ Ќе биде одржан традиционалниот талински театарски фестивал, во еден хангар за хидроавиони, на крајот на „културниот километар” ќе се отвори поморскиот музеј, ќе се организираат возења со кајак за да се потсетат Талинците дека живеат на море.Сара Портнер вели:

„Луѓето се многу заинтересирани за се´ што се случува. Се разговара за приредби, но и за тоа кои проекти се´ уште не се остварени и дали ќе има време да се реализираат.“

Театар од слама

Tallinn

Повеќе домашни уметници во културните случувања

Талин има најмал буџет кој досега и´ бил на располагање на некоја престолнина на културата – наместо првобитно предвидените 40 милиони евра на располагање се само 16 милиони. Имено, и годината на културата беше жртва на стопанската криза. Меѓутоа, не владее некоја посебна возбуда поради тоа, организаторите се откажале од гостувањето на неколку скапи sвезди и им пружиле можност на домашните уметници.

Најголемиот провизорен проект во годината во која Талин е европска престолнина на културата е „театарот од слама”, а неговиот управник Тит Ојасо вели:

„Сламата е собирана на естонските полиња. Бидејќи сакавме да ја искористиме и како инсталација, и како театар Црна кутија ја обоивме во црно. Тоа беше и најскапото на градбата. Таа е само привремена, ќе стои пет месеци и во текот на летото. Но е евтина, од биосуровини, сигурна е и многу е здрава.”

На ливадата пред театарот може да се направи пикник. Таму се бесплатни весниците и неколку книги за читање. Секоја вечер има современи театарски престави, гостуваат уметници и слободни групи од цела Европа кои ги пронашол Тит Ојасо подготвувајќи ја годината на културата. Скоро секоја престава во театарот од слама е распродадена.

Автор: Силке Бартлик / Светлана Брик

Редактор: Жана Ацеска