1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Програма

ТВ магазин на ДВ на македонски јазик

„Европанорама“ се емитува секоја недела, почнувајќи од јуни 2012, на програмата на Алфа ТВ и на интернет-страницата на ДВ на македонски јазик.

Македонската редакција во Дојче веле (ДВ) зачекорува во светот на телевизијата: од 10.06.2012 емитува телевизиски магазин „Европанорама“. Тоа е вториот медиум на Дојче веле на македонски јазик, по интернетот.

Наш партнер во проектот е Алфа ТВ, на чија програма секоја недела во ДВ ја пренесува сликата од случувањата во Европа преку конкретни животни приказни. Во „Европанорамата“ зборуваме за економија, политика, социјални прашања, но и за култура, спорт и занимливости од стариот континент.

Mazedonien TV Alfa neu

Алфа ТВ е нашиот нов партнер

Доколку ја пропуштите премиерата, на Алфа ТВ ќе можете да го следите репризното издание на „Европанорамата“.

Телевизискиот магазин, се разбира, ќе можете да го најдете и погледате и на нашата интернет-страница www.dw.de/macedonian

Македонската редакција на ДВ ве информира за најновите случувања во светот и особено за заднината на настаните преку содржините на интернет. Ни останува целта што си ја зададовме - секогаш да бидете добро и објективно информирани. Веруваме дека и телевизискиот магазин „Европанорама“ ја има вашата доверба, почитувани, корисници на интернет, а сега и гледачи, оти Дојче веле на македонски е приказна за меѓусебна доверба што трае повеќе децении.