1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ТВ-Дуел на кандидатите за германски канцелар

Милиони гледачи, вчеравечер, го следеа единствениот телевизиски дуел меѓу германскиот канцелар, Герхард Шредер и неговиот предизвикувач - Ангела Меркел, кандидат на ЦДУ и ЦСУ за претстојните вонредни парламентарни избори што ќе се одржат на 18 септември. Единственото соочување од ваков вид го пренесуваа четири најважни телевизиски канали, а беше пренесуван и на повеќе радио станици, меѓу кои и на пр

Ангела Меркел и Герхард Шредер

Ангела Меркел и Герхард Шредер

�грамата на германски јазик на Дојче Веле.

Во некои делови на ТВ дуелот, кој беше очекуван со голема напрегнатост, владееше дури и единственост меѓу двајцата кандидати за канцелар. Двајцата ги критикуваа концерните за нафта поради високите цени на бензинот. Двајцата ја повторија определбата за продолжување на економските реформи, се разбира сето тоа поставено на социјална основа. Двајцата се заложија за можност за поврзување на професијата и семејството. Теми кои засегаат голем број избирачи во Германија. Но, брзо станаа видливи и разликите. Социјалдемократот Герхард Шредер во својата изјава на почетокот на дуелот побара не само натамошна доверба за неговата реформска политика, туку говореше и за неучеството во ирачката војна – политика што своевремено беше критикувана од страна на ЦДУ и ЦСУ, но која на Шредер му донесе дополнителен број симпатизери:

“Барам доверба за политиката што досега ја водев, а која се состои од поставување нови основи на социјалните системи, за нашите деца и внуци да имаат нешто на располагање. Молам за доверба за политиката која ги заштитува природните животни услови, која многу се залага за енергетска политика заснована врз обновливи енергии, и политика кон надвор која ја позиционираше Германија како посредничка сила на мир и која се погрижи, патем за тоа бев многу критикуван, за тоа Германија да се извлече од ирачката војна. За ваквата политика молам за вашата поддршка и доверба.“

Ангела Меркел потсети дека Шредер барал нови избори поради тоа што веќе не е сигурен во поддршката од страна на својата сопствена црвено-зелена коалиција. Таа ужива целосна поддршка на својата партија, нагласи Меркел. Кандидатот на ЦДУ и ЦСУ е првата жена воопшто што се номинирала за функцијата шеф на владата.

“Ја водев ЦДУ на курсот на модернизација што не прави фит за 21 век, кој ни дава шанса повторно за повеќе работни места во Германија и кој ни дава шанса во светот да бидеме повторно прифатени како економски предводничка сила. Германија може да биде силен партнер од доверба во светот, само ако е економски силна, а токму тоа недостига. И, за разлика од канцеларот, знам дека со моите сили, моите партиски пријатели, заеднички ќе го носиме овој курс на модернзиација.“

Особено жестоко на ТВ дуелот се полемизираше околу даночната политика и политиката на пазарот на работна сила. Канцеларот Шредер уште еднаш ги критикуваше предлозите на даночниот експерт од тимот на партиите на унијата, Паул Кирхоф, кој бара радикално поедноставување на даночното право. Плановите на можниот иден министер за финансии се несоцијални, затоа што ги погаѓаат пред се социјалн слабите:

“Не може еден народ да биде експериментално зајаче за господинот Кирхоф. Тоа е неправедно. Што се случува? Секој, без оглед дали е милионер или медицинска сестра треба да плати данок во висина од 25%. Тоа треба да биде финансирано од кратење на привилегиите за ноќна работа, за работа во смени, за работа на празници. Значи, моделот треба да го платат луѓето кои тешко работат за наше добро ноќе, во смени и на празници!“

Шредер уште еднаш го критикуваше од страна на унијата планираното зголемување на данокот на додадена вредност од 16% на 18%, како исклучително непродуктивно за домашната конјуктура.

Ангела Меркел го правдаше планираното зголемување на данокот на додадена вредност со непоходноста од намалување на придонесите на плати. Околу даночните планови на Крихоф таа нагласи дека ќе биде применета само изборната програма, која содржи многу помалку од вкупните визии на Кирхоф. Таа не може да им забрани на своите соработници да имаат визии. На обвинувањето дека се залага за социјално студенило, Меркел одговори дека социјално е она што создава работни места. Планираните промени, како на пример во делот на отказот од работа, ќе им дојдат добро на оние кои во моментов немаат воопшто шанса да најдат работа, рече лидерот на опозицијата во директната размена на удари со канцеларот.

“Сега се работи за тоа да размислиме што ќе правиме натаму. Не можете да бидете навистина задоволни од ситуацијата во земјата. Имаме пет милиони невработени!“

Надворешно-политчките прашања во ТВ дуелот беа на маргините. Покрај Ирак, стана збор за приклучувањето на Турција кон ЕУ. Меркел уште еднаш нагласи дека нејзиниот концепт “привилегирнао партнерство“ за Турција наместо полноправно членство е подобар. Шредер се спротивстави и рече дека привилегирано партнерство веќе постои и ја обвини Меркел дека не го цени добро стратешкото значење на земјата.