1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ТВ дуел без победник

Во сенка на светската финансиска криза, вчера вечер се оддржа првиот телевизиски дуел меѓу претседателските кандидати во САД, Републиканецот Џон Меккејн и Демократот Барак Обама.

default

Телевизиска дебата

Централна тема на дебатата требаше да биде надворешната и безбедносна политика. Но, според очекувањата дуелот почна со темата, која во моментов најмногу ја засега нацијата и целиот свет - финансиската криза.

Притоа Барак Обама беше конкретен кога рече дека спасувачкиот пакет треба брзо да биде усвоен, но претходно треба добро да се размисли за него. „Прво мораме да се погрижиме, овој процес да биде контролиран. Второ мора да бидеме сигурни, од тоа да профитираат и даночните плаќачи, трето мора да спречиме, парите да се влеат во милионски отпремнини на менаџерите. И четврто мораме да им помогнеме на сопствениците на куќите, од каде што потекнува проблемот, за време на принудната лицитација, што се случува ширум земјата.“

Дебатата продолжи со дискусија околу деталите, на крајот Обама повтори дека има намера, да ги намали даноците за поголемиот дел од населението, Меккејн напротив се заложи за стриктно намалување на давачките.

Темите Ирак и Иран во центарот на вниманието

Во дебатата за надворешната и безбедносна политика, двајцата сенатори ги повторија нивните веќе познати ставови. Џон Меккејн постојано го повторуваше неговото дологодишно искуство, и му префрли на Обама за незнаење во прва линија за темата Ирак. „Сенаторот Обама сеуште не разбира. Ако не успееме во Ирак, тоа ќе ја зајакне терористичката организација Ал Каеда. Неговиот план за повлекување би значел пораз, како сите жртви што ги плативме досега да биле попусти.“ рече Меккејн.

На темата Иран двајцата кандидати спореа дали директни разговори со Техеран би имале смисол или не.

По дуелот и двете страни беа задоволни. Од тимот на Демократот Обама се вели дека доминирала надворешно политичката дебата, што всушност е силна страна на Џон Меккејн. Неговите советници пак укажа, дека Обама повеќепати го одобрил ставот на неговиот контрахент. Тоа, според нив покажува кој има поголемо искуство.