1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Твитер-фарма во Франција

Пет новинари на јавните радио-сервиси од француското говорно подрачје во наредните пет дена ќе бидат изолирани на фарма во Франција. Целта е да испитаат колку навистина се добиваат информации преку Твитер и Фејсбук?

default

Четворица мажи и една жена од денеска (01.02.2010) се на селска фарма, чија локација намерно не се објавува. Само се знае дека е некаде во Јужна Франција. Петте новинари треба да комуницираат меѓу себе што е можно помалку и да одржуваат контакт со други луѓе преку интернет, поточно само преку Твитер и Фејсбук. Нивна задача е да ги информираат слушателите преку нивните радија на пример Франс Инфо, швајцарското РТС-радио или Радио Канада. Посебноста на експериментот е во тоа што изворот на нивните информации се исклучително пријателите преку двата инернет-портали.

Startseite Twitter.com

Не, ова не е „Биг Брадер“ шоу, нагласува Франсоаз Дост, генералната секретарка на јавните радија за француското говорно подрачје, ова е експеримент да се испитаат на сите страни фалените Твитер и Фејсбук како извор на информации.

Бенжамин Милер е еден од новинарите кои од утрово се на фармата. Пред неколку дена, објаснувајќи им го на слушателите овој проект рече: „Колку повеќе пријатели имаш, толку повеќе информации добиваш. Но, утрово на пример, немаше да дознаам за штрајкот на францускиот јавен сектор, ако како извор на информации ги имав само Твитер и Фејсбук.“

Browserspiel FarmVille auf Facebook Flash-Galerie

Сите пет новинари имаат големо искуство во користењето на овие социјални мрежи на интернет. Белгискиот новинар Никола Вилемс го наведува Иран како типичен пример за земја, во која кратки пораки испратени преку Твитер се извор на добри, независни информации. „На проектот му приоѓам многу отворено и со голема љубопитност. Можеби по пет дена ќе заклучиме дека можеме да известуваме многу ограничено. Но, можно е исто така да откриеме нов начин на работа и да бидеме позитивно изненадени.“

Twitter Logo

Медиумите во Франција покажуваат голем интерес за експериментот, а некои телевизиски куќи сакаа и да ги снимаат новинарите при нивната работа. Организаторот Франсоаз Дост признава дека е изненадена од интересот за експериментот, што радио станиците го организираа за да побараат одговори на некои професионални дилеми. Таа сега воведе целосна забрана за давање информации за експерментот за да не го загрози и открива само дека: „Тие ќе бидат добро хранети на фармата, која во лето ја посетуваат туристи. Имаат покрив над главата, но адресата нема да ја соопштиме!“

Барем не до петок, кога новинарите ќе го завршат експериментот и ќе ги добијат сите дневни весници од оваа недела за да споредат што напишале нивните колеги, а што дознале тие преку Твитер и Фејсбук.

Автор: Јоханес Духо / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска