1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајфунот ги опустоши Филипини и се движи кон Виетнам

Тајфунот „Хаијан“ со огромна сила опустоши делови од Филипините. Целосните размери на предизвиканите штети не се сѐ уште согледливи. Во меѓувреме невремето се движи во правец на Виетнам.

Најмалку сто лица загинаа при ударот на силниот тајфун „Хаијан“ на Филипините, кој речиси целосно го уништи гардот Таклобан на централниот филипински остров Лејте. Властите на Таклобан, град со 220.000 жители, соопштија дека најголемиот дел од населнието било евакуирано навреме, поради што и нема поголем број човечки жртви.

Филипинската Национална служба за вонредни состојби во текот на вчерашниот ден од деловите на Филипини низ кои мина жариштето на тајфуниот евакуира над еден милиони лица, а уште 14 милиони жители на 37 провинции беа предупредени на можна евакуација.

„Хаијан“, кој е проследен и со поројни дождови, покрај големиот број разурнати куќи и откорнати дрвја и електрични столбови, предизвика и поплави и лизгање на земјиштето.

Typhoon Haiyan hits the Philippines in this weather satellite image, courtesy of the Japan Meteorological Agency, taken at 2330 UTC November 8, 2013. The strongest typhoon in the world this year and possibly the most powerful ever to hit land smashed into the Philippines on Friday, forcing more than a million people to flee, flooding villages and raising fears of widespread casualties. Haiyan, a category-5 super typhoon, scoured the northern tip of Cebu province and headed northwest towards Boracay island, both tourist destinations, after lashing the central islands of Leyte and Samar with 275-kph (170 mph) wind gusts and 5-6 metre (15-19 ft) waves. REUTERS/Japan Meteorological Agency/MTSAT/Handout via Reuters (PHILIPPINES - Tags: DISASTER ENVIRONMENT) FOR EDITORIAL USE ONLY. NOT FOR SALE FOR MARKETING OR ADVERTISING CAMPAIGNS. THIS IMAGE HAS BEEN SUPPLIED BY A THIRD PARTY. IT IS DISTRIBUTED, EXACTLY AS RECEIVED BY REUTERS, AS A SERVICE TO CLIENTS Eingestellt von Martin Koch (mak) / Gerhard Friese (gmf)

Taifun "Haiyan" (Satellitenbild)

Според новинската агенција ДПА, во погодените подрачја во тек е акција на филипинската армија за пронаоѓање на телата на загинатите лица. Претставник на филипинската влада изјави дека засега не може да го соопшти точниот биланс на жртвите, додавајќи дека податоците за загинати што пристигнуваат од локалните власти се „вознемирувачки“.

Ветерот во центарот на „Хаијан“, кој е еден од најсилните тајфуни што кога и да било ги погодил Филипините, достигнуваше брзина и до 315 километри на час. Тајфунот денеска се движи кон Виетнам и Лаос. Филипините годишно ги погодуваат околу 20 бури, а многу од нив предизвикуваат бројни жртви и големи штети. „Хаијан“ е 24 бура што ја погоди земјата од почетокот на годинава.