1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајните служби на САД се надвор од контрола

Весникот „Вашингтон пост“ алармира дека системот на тајните служби на САД е целосно предимензиониран. Притоа, повеќето институции се толку тајни, што веќе не можат да се контролираат.

default

„Вашингтон пост“ пишува за тајните служби на САД

„Топ Сикрет Америка“ е насловот на првиот од вкупно трите текстови во „Вашингтон пост“ кои предизвикаа бурни реакции. Сознанијата од обемното новинарско истражување ја потврдуваат поговорката дека квантитетот не секогаш е гаранција за квалитет. Напротив, со тоа се губи прегледноста. Соговорниците на раководни функции, како на пример во Министерството за одбрана, признале дека игнорираат голем дел од 50.000 извештаи на тајните служби и анализи, кои пристигнуваат секој ден, вели авторката на „Вашингтон пост“ Дејна Прист.

Повеќето институции не знаат едни за други

Archiv 7 Jahrestag der Anschläge vom 11. September

По нападите од 11 септември 2001 година, лесно се одобруваат пари за службите за безбедност

Така се‘ уште се провлекуваат значајни сознанија, смета Прист: „Системот стана толку голем и спор, а во истовреме меѓусебно толку изолиран, што оние на водечки позиции самите не знаат колку луѓе работат во системот, колкави се трошоците и дали во одредени области работата е ефективна или не. Има огромен дел на прекумерна двојна работа, кога владините институции го работат истото како некои други, а притоа не се познаваат. Мојот омилен пример е следењето на трансфер на пари - за и од терористичките организации. Со тоа се опфатени 25 различни институции и оддели, а повеќето од нив не знаат ништо едни за други.“

По 11 септември 2001 година, Американците беа исплашени од нови напади, и затоа, и тогаш и сега, особено лесно се одобруваат пари за службите за безбедност и тајните служби. Само во Вашингтон и во непосредната околина на Вирџинија и Мериленд оттогаш се изградени, или се‘ уште се градат, 33 дополнителни комплекси на згради за работата на тајните служби.

Прашањето за борбата со тероризмот е исполитизирано

CIA schafft umstrittene Geheimgefängnisse ab Leon Panetta

Директорот на ЦИА, Леон Панета

Покрај тоа, според „Вашингтон пост“, драматично се зголемил бројот на оние кои имаат официјална дозвола да бидат во тајните згради и простории и да имаат пристап до „топ сикрет“ документи и бази на податоци. Во моментов, нивниот број изнесува околу 850.000 луѓе. Но, според Дејна Прист, и овде важи дека никој нема официјален увид: „Направивме интервју со министерот за одбрана Роберт Гејтс и директорот на ЦИА Леон Панета. Гејтс, на пример, рече дека го фрустрира тоа што самиот има потешкотии да дојде до тие информации, или да дознае колку операции на тајните служби се во тек во институцијата под негова надлежност. Никој во владата не ги брои безбедносните дозволи за вработените. Неколку луѓе ни‘ помогнаа да пронајдеме начин, но и самите се интересираа за резултатите. Сега тие може да се видат на нашата интернет страница“, изјави Дејна Прист за информативниот канал ЕмЕсЕнБиСи.

Прашањето за борба против тероризмот е толку исполитизирано, што никој во Америка не може да ја оспори оправданоста за големината на безбедносниот систем, без притоа да „биде означен како попустлив и слаб против тероризмот“.

Автор: Силке Хаселман / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска