1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тајните на женската чанта!

Големи, средни и мали, црни, црвени и крем - рачните чанти ги има во најразлични форми, бои и ценовни класи. Жена без чанта речиси и не може да се замисли, а освен што се практични, кријат и по некоја тајна.

Жена без чанта - речиси незамисливо! Една европска жена во просек поседува по седум чанти.

На врвот се Италијанките - секоја во просек поседува до 60 чанти. На улица во модната метропола Милано - жените овде точно знаат како треба да изгледа перфектната чанта.

„Моите сите се големи“.

„Модерни!“

„Мора да биде практична: не премногу голема, ниту пак премала.“

„Чантата за една жена е како дел од домот за попат!“

„Имам една од Гучи, една од Диор, една од Шанел и една од Прада.“

„Ги носиме насекаде со нас. Затоа се исплати да се купи квалитетна чанта.“

„Мислам дека дома имам околу сто чанти!“

Flash-Galerie Genies des Alltags Prada Tasche

Францускиот социолог Жан Клод Кауфман детално ги прегледа чантите на 75 жени. Резултатот - чантите се многу повеќе отколку предмет за користење.

„Секогаш е во прашање љубов, кога станува збор за чантите: интимна љубов кон чантата како партнер во секојдневието. Потоа постои страстна љубов на вистинските љубителки на чантите, кои се вљубени до уши.“

Покажи ми ја твојата чанта и ќе ти кажам каков тип за чанти си - Жан Клод Кауфман ги знае сите.

Зад чантата се крие и одредена животна филозофија

Некои жени се опседнати од идејата за леснотија. Другите наместо тоа сакаат да бидат обезбедени за секој случај: доколку заврне - чадор. И за секој случај: облека или долна облека за менување.

Секогаш истата чанта или друга за секој ден од неделата? И зад оваа одлука се крие порака.

Таканаречената „една чанта жена“ сака да и‘ биде удобно, таа го има својот постојан придружник. За „мулти-чанта жената“ важен е изгледот, впечатокот кој го остава. Таа сака впечатокот што го остава секое утро да го дефинира одново.

Никаде на друго место како во Милано не се покажува толку јасно дека чантата е статусен симол.

Многу повеќе од изгледот на чантата, за сопственичката издава она што е во чантата...

„Мојот паричник, книжни шамивчиња...“

„Несесер со шминки...“

„Мобилниот, шише вода...“

„Дезодоранс - никогаш не се знае!“

„Таков хаос е внатре. Тоа не го покажувам!“

Вечна љубов!

За многу жени да им се фрли поглед во чантата е табу. За неговата книга „Чантата е приватна работа“ Жан Клод Кауфман сепак успеа длабоко да погледне во чантите на жените.

„Има многу мали тајни работи, кои се многу лични. Рачно напишани ливчиња на пример - не само ливчиња за купување, туку исто и листи со работи, кои сакаат да ги направат, карактеристики, кои сакаат да ги сменат. Потоа фотографии и мали предмети, како на пример амајлии или кадифени мечиња“.

Тоа може да доведе до вистински хаос. И до исцрпувачки барања. Просечно жените минуваат 76 денови од животот барајќи по рачната чанта.

И покрај ова, во врската меѓу жената и чантата преовладува хармонија.

„Една жена еднаш ми рече: љубовта кон чантата е многу подобра од онаа кон еден маж. Со мажите честопати има кризи. Ако се разделите имате стрес со вашиот екс. Кај чантите е поинаку: новата љубов е возбудлива, но старата љубов не изумира“.

Многуте тајни на рачните чанти - Жан Клод Кауфман обелодени само дел од нив.