1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајните документи од Пентагон не се изненадување

Вчера (26.07) на интернет платформата Викиликс беа објавени повеќе од 90.000 документи на војската на САД, за меѓународната мисија во Авганистан. Министерство за одбрана рече дека тоа е „исклучително впечатлив настан“.

default

Тајните документи за Авганистан беа објавени на Викиликс

Сојузниот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле најави дека ќе бидат испитани објавените документи за Авганистан. „Сега мора да се преиспита, кои се новите сознанија“, изјави министерот по средбата со другите министри за надворешни работи од ЕУ, во Брисел.

Karl Theodor zu Guttenberg Reichstag

Министерот за одбрана Гутенберг

Германскиот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг го релативизираше значењето на објавените тајни документи на Пентагон за Авганистан. Многу работи во документите беа познати и досега и не се некое изненадување, рече Гутенберг во интервју за втората програма на германската телевизија (ЦДФ): „Со доаѓањето на функцијата го потенцирав она што беше реалност и тоа го кажав со јазик за кој бев многу критикуван зашто зборував за војна, а претходно никогаш не се зборуваше за војна. Свесно реков дека реалноста мора да ја претставиме појасно. Затоа многу работи кои сега се содржани во извештајот не се изненадување. Она што стои на 90-те илјади страници треба да биде предмет на експертиза.“

На прашањето дали е загрозена безбедноста на Германија, министерот за одбрана со одговор: „И тоа во моментов се проценува. 90 илјади страници не можат да се прочитаат за еден ден.“

Во Министерството испитуваат и дали се засегнати германските безбедносни интереси: „Во моментов мора да појдеме од фактот тоа дека би можело да биде така, а потоа мора да видиме што е навистина засегнато и според тоа да се преземат мерки. Во моментов нема промени во спроведувањето на операцијата, во поглед на нашиот удел во Авганистан“, рече портпаролот Кристијан Динст.

Тајни договори за координираните акции

Bundeswehr in Afghanistan NEU

Војници на Бундесверот кај Масар-и-Шариф

Според него, пред парламентарната летна пауза Бундестагот е информиран за спорното гонење на талибанските водачи, за кои коалициските трупи имаат тајна листа. Но, во објавените документи за Авганистан покрај апсењата, во задачите на американската специјална едниница Таск Форс 373 се спомнува и убивањето на бунтовниците, пишува неделникот „Дер Шпигел“. Политичарката од „Зелените“, Штефи Лемке поради тоа ја критикува Сојузната влада: „Значи ако се докаже дека овие документи се вистинити, дека американските трупи пред се‘ применуваат офанзивна воена тактика, која вклучува планирано убивање на талибанците, дека се прогонуваат луѓе, тогаш не го разбирам тоа. Тоа не е промена на стратегијата кон цивилна перспектива.“

Според „Шпигел“, во германската воена база Масар-и-Шариф се стационирани 300 американски ловци на талибанци. Портпаролот Динст вели дека постои редовна координација со Американците за нивното дејствување во мисијата, за да не си пречат. Договорите за акциите се тајни. Но, она што е објавено во печатот „со сигурност не е грешно“.

Автор: Б. Греслер/ап/цдф/Ј. Мушиќ Јанчулева/ Е. Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM