1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајната служба ги платила фалсификуваните пасоши на неонацистичките убијци

Тајната служба на покраината Тирингија во 2000-та година преку посредници платила две илјади марки за фалсификувани пасоши за неонацистичката тројка осомничена за десет убиства во надеж дека ќе и‘ влезе во трага.

default

Куќата во Цвикау каде со години живеела неонацистичката тројка

Според пишувањето на весникот „Билд ам зонтаг“, контраразузнавачката служба на германската покраина Тирингија првпат призна директна парична исплата на неонацистичката тројка од Цвикау - Беате Чепе, Уве Мундлос и Уве Бенхард. Тајната служба на терористичката ќелија осомничена за десет убиства, во 2000-та година преку посредници им испратила повеќе од две илјади марки за набавка на фалсификувани пасоши. Тоа на 6-ти декември го соопштил еден контраразузнавач на седница на Контролната комисија во покраинското собрание на Тирингија.

Flash-Galerie Wochenrückblick KW 50

Апсење на еден од соработниците на десните терористи, архивска снимка

Според него, контраразузнавачите од прислушуван разговор знаеле дека на неонацистичката група во тоа време итно и‘ требале пари за нови пасоши. Намерата била преку исплатата пари на тројката да се дојде до конкретни докази за местото на нивниот престој и за помагачите. Контраразузнавачката служба му исплатила две илјади марки на функционерот на десноекстремистичката Националдемократска партија на Германија, Тино Брант, кој под конспиративното име „Ото“ соработувал со тајната служба. Брант требало парите да ги предаде на неонацистичката тројка по која се трагало од 1998 година. За таа цел, Брант ангажирал трет човек. Но, планот пропаднал, иако неонацистичката тројка навистина добила нови пасоши.

Бидејќи контраразузнавачката служба не доставила инфорамции до службата за издавање лични документи во Саксонија, десничарската терористичка група можела непречено да замине во илегала со фалсификувани пасоши. Во периодот од 2000-та до 2007-ма година групата од Цвикау уби девет граѓани со мигрантско потекло и една припадничка на полицијата.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ дпа

Редактор: Александра Трајковска