1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајната на тајните

Кратко откако беше формирана германската тајна служба БНД почна да шпионира и во внатрешноста и да собира информации за политичари од сите партии. По наредба на оној, кој требаше да ја контролира службата.

Тајните служби ги сакаат тајните. Тие агираат во сенка, далеку од очите на јавноста. Тоа е природата на нивната работа. Следниве редови кои ги нотираше тогашниот шеф на германската надворешна тајна служба БНД, Рајнхард Гелен, на почетокот на 1960 години, никогаш не требаше да ги прочита некој од страна: Политичарот од СПД Вили Брант бил „голем работник, но и голем кариерист“, напиша Гелен. Како градоначалник тој „на берлинците им бил наметнат од страна на сојузниците“.

Клаус-Дитмар Хенке и покрај тоа ги читаше ваквите записи. 66-годишниот историчар и портпарол на „Независната комисија на историчари за истражување на историјата на германската тајна служба“ заедно со неговите колеги во моментов ги обелоденува тајните на БНД, на пример - колку нацисти по крајот на војната биле вработени во тајната служба, или колку за агентите беше изненадување Народното востание во ГДР од 17. јуни 1953.

Контрола на непријателот и пријателот

Deutschland Westalliierte Konrad Adenauer auf dem Petersberg 1949

Кога Конрад Адеуаер беше канцелар, за многу средства кои се користеле сметал дека се во ред

И од неодамна: злоупотребата на службата од страна на тогашната сојузна влада под канцеларот Конрад Аденауер. Овој политичар од ЦДУ беше на чело на Германија од 1949 до 1963 година. Кабинетот на канцеларот всушност требаше да ја надгледува БНД. „Сомнежот дека БНД била злоупотребена од германската влада, лебдеше над службата за време на целата ера на Аденауер. Но, никогаш не можеше да биде докажано“, вели Хенке. „Сега гледаме дека - ќе го наречам вака - внатрешнополитичкото присуство на БНД било уште помасовно отколку што современиците тогаш претпоставуваа“.

Аденауер ја користеше тајната служба за своите внатрешнополитички цели. Тие собираа информации за непријателите и пријателите, опозицијата и коалицијата - на пример за политичарот од СПД Брант, но и за конзервативниот министер Франц Јозеф Штраус. Неколку стотици информанти, кои беа застапени во сите важни области од политиката и општеството, информирале, според Ханке, за тајната служба. Шефот на БНД Гелен потоа ги проследувал тие информации до кабинетот на канцеларот. „Повеќето не е ставено на хартија. Но имаме некои забелешки на актите, од каде јасно произлегува како Аденауер вели - направете го ова или она.“

Radaranlage Bad Aibling bei München

Кои податоци се собираат во центрите за прислушување не се знае

Така настанаа најмалку 210 досиеја за политичари, научници и новинари. Исечоци од весници, забелешки од разговори и изјави собрани на до 500 страници. Содржините не се вистински експлозивни, вели Хенке. Поекслозивно е тоа што тие воопшто постојат, што има наредби да се соберат поради наводна цел - одбрана од шпионажа.

Игра според сопствени правила

Институциите кои до таа мерка работат во тајност, како тајните служби, ги толкуваат законите, дури и во демократски држави, навистина широко. Државни задачи, како во овој случај одбрана од шпионажа, или борба против тероризмот во случајот на американската тајна служба НСА, на тој начин стануваат „растеглива легитимација на сопственото делување“. Вака тоа го нарекува Бодо Хехелхамер, историчар на БНД кој соработува со Независната комисија на историчари за истражување на историјата на германската тајна служба.

Откритија како вакви на Комисијата затоа поттикнуваат важни дебати, на пример за влијанието и контролата на тајните служби. До денес БНД го надгледува канцеларскиот кабинет. Историчарот Клаус-Дитмар Хенке затоа во интервју за Дојчландфунк се заложи за промена. Со постоечките средства било невозможно да се контролира една ваква служба, вели тој: „Лице одговорно за контрола на чело на службата, кој не одговара пред канцеларскиот канбинет туку пред парламентот, е единствената можностедна таква служба сериозно да се контролира“.

Под контрола?

Hans-Christian Ströbele Parlamentarisches Kontrollgremium

Членовите на контролното тело на Бундестагот, како Ханс Кристијан Штребеле, се обврзани на дискреција

Исто така и експертот за уставно право Герхард Роберс од универзитетот Трир е согласен дека злоупотребата мора да биде спречена. Од негов агол веќе се создадени предуслови за тоа: „Уставот категорично кажува дека парламентот формира парламентарно контролно тело, кое ги надгледува сојузните тајни служби“.

Ова контролно тело, се разбира, заседава тајно. Членовите се обврзани на дискреција дури и во однос на другите пратеници на Бундестагот. Имено, информациите до кои имаат пристап, се опсежни: „Ова тело има право да побара секакви документи, да ги повикува сите соработници, раководните лица на тајните служби и министрите за да ги испрашува. Тука има многу мали исклучоци во оваа сосема опсежна контрола“, појаснува Роберс.

Меѓутоа, дополнува тој, „постојано има спор, во која мера и колку интезивно германската влада треба да дава отчет пред парламентарното контролно тело“. Доверливата соработка, според неговите податоци, во некои фази би можела да биде подобра.

Една тајна останува

За постапките, кои на телото не му се познати, не може да поставува прашања: Внатрешнополитичките тајни досиеја од почетните години на БНД, по наредба на канцеларскиот кабинет биле уништени во 1969/1970 година. Само преку двојните документи историчарите можеа да ги реконструираат податоците.

Дали по Аденауер и други канцелари ја користеле германската тајна служба за свои цели, останува - сѐ уште - тајна. Имено Независната комисија на историчари за истражување на историјата на германската тајна служба сега смее да ги открие само почетните години од 1945 до 1968 година.