1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тајмингот на посетата на Чеку не е случаен

Македонија очекува стабилност и мир по одлуката на Советот за безбедност

Косово

Косово

Интервалите во политичкиот дијалог Приштина-Скопје стануваат почести, економската соработка потесна, но сепак постојано лебди неизвесноста „ако е се добро, зошто границата не се обележува“? И, додека косовскиот премиер, Агим Чеку тоа прашање го остава за по добивањето независност, домаќинот, македонскиот премиер, Никола Груевски тоа го очекува во пакет со одлуката на Советот за безбедност на ОН за идниот статус на протекторатот: “Ние сме уверени дека до периодот на финалниот статус или најдоцна до тој момент дека ќе се реши ова праашње. Постои волја и расположение на пријателски и цивилизиран начин да го решиме ова прашање. “

Македонија очекува стабилност и мир по одлуката на Советот за безбедност. Оваа констатација Никола Груевски ја даде на новинарско прашање – дали е можно ново дестабилизирање ако Косово не добие независност (условна или со супер визија).

“Ние очекуваме независност. Сите надежи се во тој правец. Од Њујорк го очекуваме таквиот поттик“, рече гостинот од Приштина.

Косовскиот премиер го тестираше расположението на новите македонски власти, но и на опозицијата, за можноста Русија да стави вето во Советот за безбедност, а САД и евентуално ЕУ да го признаат Косово билатерално, без став на Советот за безбедност и ОН. Лидерот на опозициониот СДСМ, Владо Бучковски, по средбата со косовскиот премиер, рече: “Груевски со првата изјава се истрча дека Македонија прва ќе го признае Косово. Во новонастанатите околности, кога е извесно дека Русија ќе го искористи правото на вето, и кога од Советот за безбедност ќе немаме едногласна одлука, како ќе се однесува Република Македонија? Ние сме тука да му помогнеме ако му треба помош.“

Тајмингот на вчерашната посета на Агим Чеку на Македонија и разговорите со Никола Груевски воопшто не беше случаен. Двајцата потајно се надеваат дека меѓународната заедница ќе биде гарант за независно Косово и за стабилна Македонија.