1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајланд доби прва жена премиер

Тајландскиот парламент за премиер на земјата ја избра Јинглук Шинаватра, сестра на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој се наоѓа во бегство.

default

Јинглук Шинаватра

Досегашната бизнисменка беше единствен кандидат за да ја предводи новата влада на Тајланд и го доби тесното мнозинство гласови со поединечно гласање на пратениците. Јинглук Шинаватра има 44 години и нејзината политичка кариера почна пред само три месеца.

Партијата на Шинаватра го доби мнозинството гласови на парламентарните
избори на 3. јули.

Јунглук Шинаватра треба да добие одобрение и од кралот Пумипон Адулјадет, пред официјално да стапи на должноста.

Автор: ГЧ/ СН/ миа

Редактор: Александра Трајковска