1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајландската опозиција пролеа крв за промена на власта

Тајландските опозиционери ја пролеваа сопствената крв пред резиденцијата на премиерот Абхисит Веџаџива барајќи смена на власта. Резиденцијата беше обезбедувана од повеќе од илјада полицајци. Протестите минаа мирно.

default

Опозицијата симболично пролеа крв

Спектаклот со пролевањето крв започна ден порано, откако припадниците на „црвените кошули“- како што се нарекуваат опозициските приврзаници, собраа околу 300 литри крв и истурија поголем дел пред владините канцеларии. „Очекувам да видам дали Абхисит ќе се осмели да помине преку крвта на својот народ пред неговата резиденција“, изјави еден од демонстрантите. - „Собираме крв за да го покажеме нашето единство. За демократија и правда во Тајланд“, вели друг.

Сепак, според последните информации, бројот на демонстрантите утрово е веќе осетно намален, од околу 100 илјади луѓе, колку што имаше за викендот - на 10 илјади.

Thailand Demo in Bangkok Flash-Galerie

Протести на „црвените кошули“

И покрај повиците на Шинаватра до неговите поддржувачи да останат на улиците на Бангкок, ентузијазмот полека спласнува. Еден од лидерите на опозициското движење Јатупорн Промпан најавува и подрастични мерки доколку владата и понатаму ги одбива нивните барања. „Овие протести имаат за цел да го потсетат премиерот дека незаконски владее. Тој е на функцијата подолго отколку што заслужува, а никогаш и не смееше да стане премиер. Затоа сега мора да го распушти парламентот. Во спротивно, протестите ќе се интензивираат“.

Symbolisches Blutopfer Bangkok Thailand

Симболичен данок во крв

Веџаџива досега ги одбиваше барањата за распуштање на парламентот и свикување нови избори. Тој дојде на власт во 2008-та, откако владејачката коалиција беше распуштена поради изборни измами. Шинаватра претходно беше обвинет за корупција и му беше одземен имот вреден над една милијарда долари, а владата беше урната со воен пуч. Оттогаш тој е во бегство, а со своите приврзаници комуницира со видео врска.

Опозицијата за денеска најави проширување на протестите и пред американската амбасада во Бангкок, откако беше разлутена поради еден разузнавачки извештај во кој се наведува дека Шинаватра им наредил на своите приврзеници да предизвикаат насилства во државата.

Aвтор: БГ/ЕМФ/афп

Редактор: Александра Трајковска