1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тајванскиот претседател освои нов четиригодишен мандат

Тајванскиот претседател освои нов мандат, неговата партија победи на парламентарните избори.

default

Tајванскиoт претседател Ма Јинг-џеу

Актуелниот тајвански претседател Ма Јинг-џеу од Националистичката партија (Гоминдан), кој е поборник за подобрувањето на односите со Кина, победи на претседателските избори и освои нов четиригодишен мандат.

Ма (61) освои 51,6 проценти од гласовите, победувајќи го својот политички ривал Цаи Инг-вен од опозициската Демократската прогресивна партија, која освои 45,7 отсто, покажуваат резултатите од пребројувањето на 99 проценти од гласовите.

Третиот кандидат, Џејмс Сунг, поранешен висок функционер во Националистичката партија на Ма, освои 2,7 проценти од гласовите.

„Победивме. Во текот на следните четири години врските со Кина ќе бидат уште похармонични. Ќе обезбедиме одржлив мир во Тајван“, изјави Ма пред неговите приврзаници, собрани во неговиот изборен штаб во центарот на Тајпеј.

Цаи Инг-вен го призна поразот и изјави дека ја напушта претседателската функција на Демократската прогресивна партија. Доколку победеше 55- годишната Цаи Инг-вен ќе беше првата прва жена на чело на Тајван.

На парламентарните избори, кои вчера исто така се одржаа во Тајван, Националистичката партија освои мнозинство од гласовите. Според податоците на Централната изборна комисија ,националистите освоиле 64 места во 113-члениот парламент, Демократската прогресивна партија 40, а другите партии девет мандати.

Автор: ЖА/ миа

Редактор: Александра Трајковска