1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тачи: Србија притиска за размена на територии

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Србија, со акцијата за отстранување на споменикот на поранешните припадници на ОВПМБ во Прешево, ја покажала својата желба за размена на територии.

default

„Со оваа акција Србија ја демонстрираше својата желба за размена на територии, Ивица Дачиќ таа идеја дури и ја спомна во Брисел. Но, ние имаме свои планови и своја стратегија со која ќе победиме, изјави Тачи во интервју за приштинскиот весник „Експрес“.

Тој оцени дека размената на територии меѓу Србија и Косово е едно од најнеприфатливите сценарија за Србија по одлучната акција на косовската Влада од 25 јули 2011. година за обезбедување на целовитоста на косовската територија.

Тачи истакна дека и предлогот на Дачиќ за размена на територии тој и Владата категорички го одбиле бидејќи тоа „апсолутно оди на штета на националните интереси на Косово, таквата опција е во целосна спротивност со националните интереси на Албанците, каде и да живеат“.

Косовскиот премиер истакна дека е разочаран што политичките лидери и граѓани на Прешевската Долина не направиле ниту најмал обид да го одбранат споменикот на Ослободителната војска за Прешево, Медвеѓа и Бујановац, ккао што истакна, и покрај тоа „што ги упатив што да направат“.

Тој изрази разочарување и поради насилството над српските гробишта и споменици во Косово.