1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тачи: Со Белград не разговараме за отстапки

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека Приштина во дијалогот со Белград не е подготвена на отстапки, зашто „Косово ништо не му должи на Белград“. ЕУ од Србија очекува нормализација на односите со Косово и реформи.

„Треба да дојдеме до ситуација во која двете страни ќе бидат дoбитници“, изјави косовскиот премиер Хашим Тачи за „Вечерње новости“, зборувајќи за дијалогот со Белград. Тачи оцени дека со нормализација на односите добиваат и Србија и Косово, а во спротивно, европскиот пат на Белград и Пирштина може да биде запрен.

Вчера (18.01) Претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпој уште еднаш ја нагласи важноста од продолжување на реформскиот процес во Србија, а како клучно барање за Србија, и за отворање на пристапните преговори за нејзино членство во ЕУ, ја наведе нормализацијата на односите со Приштина.

„Тоа вклучува целосно почитување на принципот на регионална соработка, активна соработка со ЕУЛЕКС и наоѓање решение за некои тешки прашања на северот од Косово“, изјави Ромпој по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Две цели на националната политика

Белград од своја страна ќе настојува да оствари две цели на националната политика – да дојде до одржливо решение за односите со Приштина, преку почитување на интересите на Србија и Србите кои живеат на Косово, како и што побргу да добие датум за почеток на пристапни преговори.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ, по состанокот со претседателот на Советот на ЕУ, изјави дека Србија продолжува со реформите во намерата „Европската унија да ја воведе во Србија“.

Überschwemmungen in Jakarta

Српскиот премиер самокритичен во Брисел - власта му должи добри вести на народот (фото: Дачиќ и Ван Ромпој)

„Србија е клучната земја во регионот и од нејзината иднина зависи и иднината на регионот. Затоа сме определени за мир и стабилност, за развој на односите меѓу државите од Западниот Балкан, за решавање на споровите со дијалог и заеднички пристап и влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ“, изјави Дачиќ.

Власта му должи на народот добри вести

Нагласувајќи дека нема време за трошење, Ван Ромпој ги повика и Дачиќ и косовскиот премиер Тачи што подобро да го искористат следниот период и да ја забрзаат работата.

„Европската унија ќе го задржи своето ветување кон Србија. Советот на пролет повторно ќе го разгледа напредокот, имајќи ја предвид можноста за донесување одлуки за почеток на пристапни преговори“, рече Ромпој.

Премиерот Дачиќ во Брисел нагласи дека народот во Србија заслучува подобра иднина и подобар живот, како и дека државното раководство „му должи на народот добри вести и резултати“.