1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тачи се прогласи за победник на изборите во Косово

*

Лидерот на Демократската партија на Косово, Хашим Тачи прогласи победа на вчера одржаните парламентарни и локални избори. Најави дека „Косово е подготвено да оди напред како земја на слобода демократија и независност.“ Врз основа на првичните неофицијални податоци, партијата на Тачи води со 35%. На второ место со 22% поддршка е Демократскиот сојуз на Косово, на актуелниот претседател Сејдиу, а на трето Новата алијанса на Косово со 12%, освоени гласови.