Тачи очекува брзо надминување на трговската блокада | Македонија | DW | 11.09.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тачи очекува брзо надминување на трговската блокада

Косовската влада изрази надеж дека најдоцна до утре ќе се најде решение за трговскиот спор со Македонија, кој предизвика целосна блокада и застој на граничните премини меѓу двете земји.

Косовскиот премиер Хашим Тачи попладнево на прес-конференција порача дека очекува брзо решавање на спорот со Македонија, во интерес на граѓаните и бизнисот од двете страни на границата, но и оцени дека Македонија постапува „анти-европски“. Тачи потсети дека за проблемот телефонски разговарал со македонскиот премиер Никола Груевски и дека и двајцата се заложиле да се најде решение.

„Оваа ситуација е нездрава не само за Косово, туку и за Македонија. Ова што се случува е против европскиот дух и добрите меѓусоседски односи. Затоа гласно ги кажавме нашите стравувања и бараме проблемот да се реши што побрзо, а состојбата да се врати во нормала“, изјави денеска Тачи.

Тачи ја поздрави најавената посета на македонскиот вицепремиер Муса Џафери на Косово, кој во Приштина треба да се сретне со потпретседателите на косовската влада Хајредин Кучи и Мимоза Кусари Лила во обид да се најде решение за проблемот.

„Верувам дека постои подготвеност за надминување на оваа непосакувана состојба, но нема причина за ваков анти-европски пристап на македонската држава кон Косово "

Македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Владимир Пешевски ја повика во средата косовска вицепремиерка и министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари на телевизиско соочување во врска со

Messe InternationaleTourismusbörse ITB 2012 Berlin

Владимир Пешевски

актуелната состојба на границата помеѓу двете држави.

„Мислам дека на граѓаните им ја должиме вистината. Затоа Ве поканувам и повикувам на заеднички телевизиски настап, уште денеска, каде што пред очите на јавноста ќе може да ги презентирам нашите аргументи, а граѓаните да извлечат заклучок“, вели Пешевски.

Тој предлага заеднички настап да биде на Алсат телевизија, или на телевизијата која ќе ја посочи Кусари, а би се пренесувал во двете држави. Пешевски на ваквиот чекор се одлучил откако заклучил дека во јавноста во двете држави кружат различни информации и постојат многу различни мислења околу мотивите, причините, фактите и аргументите врз кои се базира актуелната ситуација, што предизвикува забуна и не придонесува за надминување на состојбите.

Граничните премини помеѓу Македонија и Косово веќе три дена може да се поминат само пеш, поради блокадата на македонските шпедитери и целосното ембарго за увоз на производи од Македонија од страна на косовската влада.