1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тачи не му ја дава премиерската функција на Харадинај

Демократската партија на Косово на Хашим Тачи нема да го прифати барањето на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, да формираат коалицска влада со него како премиер, јавуваат медиумите на Косово.

Актуелниот премиер на Косово Хашим Тачи повеќепати изјави дека е подготвен да разгоара за коалиција со Алијансата за иднината на Косово, но дека не доаѓа предвид да ја напушти премиерската функција.

Харадинај претходно изјави дека очекува до крајот на неделата да добие одговор на предлогот за коалиција и неговиот избор за премиер. Тој истакна дека во случај да не биде прифатен предлогот се’ ќе остане по старо и ќе чека до првите избори.

Весникот „Експрес“, повикувајќи се на извори блиски до Демократската партија на Косово, наведува дека Тачи нема да прифати да се повлече од функцијата премиер во корист на Харадинај.

„ Претседателот на Демократската партија на Косово неколкупати јавно повтори дека не сака да преговара со никого за функцијата премиер. Тоа е одговор што ќе и го даде и на Алијансата за иднината на Косово“, изјави извор близок до весникот.