Тачи нема да се кандидира за премиер | Свет | DW | 30.12.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тачи нема да се кандидира за премиер

Хашим Тачи, косовскиот премиер, најави дека на следните избори нема да се кандидира на оваа функција. Можно е за неа да се кандидира Кадри Весељи, екс-шеф на расформираната Разузнавачка агенција на Косово.

Косовскиот премиер Хашим Тачи најави дека на следните избори нема да се кандидира за премиер, но додаде дека неговата Демократска партија на Косово нема да препушти премиерско место на друга партија.

„Едно е сигурно, а тоа е дека Демократската партија на Косово ќе победи на следните избори, а јас нема да се кандидирам за премиер“, изјави Тачи за дневникот „Епока е ре“.

Тачи високо ја оцени способноста и подготвеноста на Весељи за извршно, законодавно и претседателсо водство.

Тој изрази уверување дека и Алијансата за иднина на Косово и лидерот Рамуш Харадинај ќе биде дел од владејачката коалиција.

Тачи вели дека со Харадинај не разговарал за владина реконструкција, туку за заеднички цели како европската перспектива и изборни реформи.