1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тачи и Османи договорија заедничко дејствување

Демократската партија на Албанците и Националната демократска преродба со заедничка стратегија координирано ќе дејствуваат на локален и национален план „ заради решавање на националните прашања на Албанците“.

default

Тетово

„ Се согласивме дека постојат два принципа зошто треба да се мобилизираме. Прво, ситуацијата на Албанците во земјата се влошува од ден на ден, и второ, интеграциските процеси се блокирани, а граѓаните се наоѓаат во безнадежна ситуација. Нашето заедничко дејствување нашите политички противници треба да го поздрават како позитивна вест, бидејќи тоа не е насочено против никого.“ кажа лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи по денешната (13.12) средба со Руфи Османи, претседател на Националната демократска преродба, во седиштето на ДПА во Тетово.

Rufi Osmani - Bürgermeister von Gostivar, Mazedonien (Aufnahmedatum 15.03.2011, in Gostivar) Foto: Sveto Toevski

Руфи Османи

Обединување на опозицијата?

Лидерот на НДП Османи пак нагласи:

„ Постигнавме договор да оформиме работна група со претставници од двете партии и од експерти, која ќе изготви динамички план за заеднички настап и соработка на локален и национален план, како и меѓу нашите парламентарни групи, со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат Албанците, но и државата во целина. Особено во нашите разговори дадовме нагласка на потребата за деблокирање на интеграцијата на земјата.“

На прашањето на Дојче веле дали оваа соработка ќе биде само за претстојните локални избори за градоначалник на скопската општина Сарај, закажани за 18-ти декември годинава, и дали таа ќе води во насока на формирање на окрупнета албанска парламентарна опозиција во парламентот, Тачи одговори:

Menduh Taci Politiker Mazedonien

Мендух Тачи

„ Неблагодарно е да се зборува за натамошната соработка. Работната група ќе работи согласно со приоритетите. Верувам дека ќе успееме да се договориме за многу работи.“

Запрашан дали има простор во таквата соработка да се вклучат и други опозицски партии, Тачи напомна: „ Уште е рано да се зборува за тоа. Засега главниот приоритет е да се консолидира оваа соработка на двете партии, а потоа ќе видиме како ќе дејствуваме со другите политички партии.“

Истакнувајќи дека нивните две партии имаат „ слични политички платформи“, Руфи Османи ги изнесе своите очекувања целите на претстојното заедничко дејствување дека ќе бидат ставени и на хартија во вид на заемен договор.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Симе Недевски