1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тачи: Изборите ја затворија вратата за поделба на Косово

Косовскиот премиер Хашим Тачи на седница на Советот за безбедност на ОН оцени дека локалните избори биле успешни, со што е затворена вратата за поделба на Косово.

Според Тачи, изборите покажале дека бојкотот на северот на Косово не успеал и дека биле „сериозен тест за резултатите од дијалогот“ меѓу Белград и Приштина. Тачи синоќа (19.11) изјави дека верува оти одржувањето на локалните избори бил момент на пресврт во меѓунационалните односи на Косово.

„Изборите од 3. ноември беа извор на инспирација за сите граѓани на Косово... На нив излегоа повеќе од 50 проценти од запишаните гласачи, за првпат беа спроведени на целата територија на Косово... и на нив за првпат учествуваа сите народи“, рече Тачи.

Според него, инцидентите на неколку гласачки места на северот на земјата ги предизвикале српски екстремисти.

Тачи побара од земјите членки на Советот за безбедност да го разгледаат барањето за ставање крај на мисијата УНМИК, односно таа да се трансформира во политичка канцеларија на ОН на Косово.

Според неговите зборови, 2013. година била историска поради Бриселскиот договор кој го потпишаа Белград и Приштина, но и поради приемот на Хрватска во ЕУ „како инспирација за сите кои исто така сакаат членство“.